Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија
СВЕТ

Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија

Објавено October 20, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија

Свет

20.10.2025

Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето на реформите, се справуваат со корупцијата, ги зајакнуваат институциите и ги почитуваат принципите на владеењето на правото.

Уверена сум дека земјите членки нема да сакаат да видат како сето тоа запира, бидејќи ако застанеме сега, тоа е нешто што би и помогнало на Русија – додаде Кос.

На прашање како Европската комисија планира да го надмине ветото од страна на Унгарија за старт на преговорите на ЕУ со Украина, Кос истакна дека се разгледуваат сите можности и дека ќе се продолжи во тој правец, потенцирајќи дека проширувањето е принцип базиран на заслуги и Киев испорача во тој правец.

Унгарија не се спротивстави на давањето статус на кандидат за членство на Украина, па затоа и сега очекувам унгарска поддршка за го отвориме првиот кластер, а потоа и сите други. Ако Унгарија е загрижена за унгарското малцинството во Украина, можеме да се справиме со тоа во рамки на Кластерот Еден – рече Кос.

Таа додаде дека пред неколку недели ја посетила областа во Украина каде живее унгарското малцинства и разговарала со нивните претставници, при што, како што рече, ниту еден од нив не се пожалил на она што го тврди Унгарија.

Во врска со користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, Кос рече дека тоа е прашање за кое се дискутира и се разгледуваат правно заснованите можности за реализација на таа идеја за доброто на Европската Унија и на нејзините земји членки.

Еврокомесарката за проширување додаде дека покрај за европските перспективи на Украина и Молдавија, на состанок ќе стане збор и за „загрижувачките случувања во Грузија“,

Народот на Грузија на последните три избори и преку тековните протести кажува, а и анкетите покажуваат, дека сака европската иднина, но тоа не го сака и Владата. Нивната Влада очигледно не го слуша сопствениот народ и не сака да оди по европскиот пат – рече Кос.

Таа додаде дека противниците на грузиската Влада се затворани, а се замолчуваат новинарите и организациите на граѓанското општество.

Во исто време, од оние кои се на власт се промовираат дезинформации против Европа и Европската Унија. Ги осудуваме тие лажни наративи и сите напади врз европските институции, врз претставниците на европските институции и нашите земји членки и ја повикуваме Владата на Грузија да го слушне својот народ, да биде инклузивна, да разговара со граѓанското општество и да ја следи нивната желба да станат дел од Европа – истакна Кос.

Таа додаде и дека со договорот меѓу Ерменија и Азербејџан првпат се добива можност да се воспостави мир во целиот кавкаски регион, што отвора перспективи преку тоа подрачје Европа да гради нови инфраструктури на поврзување со Централна Азија, откако трговските патишта низ Русија што претходно ги поврзуваа беа затворени со руската агресија врз Украина.

Во денешната геополитичка ситуација многу е важно да можеме да сметаме на добри партнерства и да имаме заеднички инфраструктурни проекти, што би значело ние Европејците да станеме помалку зависни во областа на енергетиката, трговијата… Мислам дека повеќе опции ќе значат поголема независност за цела Европа – додаде Кос.

Според неа, во тој правец ќе биде и денешниот Министерскиот состанок за меѓурегионална безбедност и поврзаност, што ќе се одржи по седницата на Советот за надворешни работи. Таа најави дека следната средба во овој формат меѓу ЕУ и земјите од регионите на Црното Море и Централна Азија ќе се одржи кон крајот на ноември во Ташкент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов: Тешка брука и срам, поголем пораз од ова нема за СДСМ, сигнал за заминување на членови на раководството
Следна Статија Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има добри шанси да ја завршиме војната

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна…

March 17, 2025
СВЕТ

Папата Лав XIV го прими Зеленски

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на…

May 18, 2025
СВЕТ

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, синоќа изјави дека верува оти неговата…

October 25, 2025
СВЕТ

Oткако исламистите ја ограбија, сириската централна банка уверува дека депозитите на граѓаните се сигурни

Сириската централна банка соопшти дека депозитите на граѓаните во банките се сигурни, само ден по соборувањето на претседателот Башар ал…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?