Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме лекции, кажа претседателката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме лекции, кажа претседателката
МАКЕДОНИЈА

Кочани беше момент на национален шок, но и општествена катарза, мораме да извлечеме лекции, кажа претседателката

Објавено March 15, 2026 11:42
Сподели
Сподели

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата во Кочани, која се одржа во Скопје во организација на Владата.

Таа истакна дека трагедијата во Кочани останува длабока рана за државата и силен потсетник за потребата од одговорност, подготвеност и солидарност во справувањето со кризни ситуации.

„Трагедијата во Кочани беше момент на национален шок, длабока човечка болка, ерупција на сочувство и солидарност, но и момент на политичка и општествена катарза. Пред огледалото на совеста и одговорноста се најдовме сите и сè уште сме“, истакна претседателката.

Сиљановска-Давкова потсети на драматичните моменти по несреќата, кога родителите и блиските на повредените чекале пред болниците, додека лекарите се бореле за спасување на младите животи.

Таа оцени дека одлуката најтешко повредените пациенти да бидат испратени на лекување во странство била исправна и дека токму брзата координација меѓу институциите, здравствениот систем и меѓународните партнери овозможила спасување на голем број животи.

Претседателката посочи дека трагедијата покажала оти справувањето со вакви катастрофи не е само медицинско, туку и политичко, етичко и институционално прашање, кое бара силна координација и подготвеност на системот.

„Кочанската трагедија не останува само болен спомен, туку и постојано предупредување дека без стандарди, без правила и без одговорност ниту една дејност не може безбедно да функционира и дека ништо не смее да биде поважно од правото на живот“, порача Сиљановска-Давкова. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „ОД ПЛАМЕН ДО НАДЕЖ“, документарен филм за преживеаните од Кочани
Следна Статија Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани не излезе во јавност, на ФБ изрази сочуство за настраданите

По трагедија во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а речиси 150 се повредени, градоначалникот на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?