Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август
МАКЕДОНИЈА

Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август

Објавено June 27, 2025 10:12
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС
Следна Статија (Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

Свечена седница по повод Денот на албанската азбука се одржа денеска во Владата, а на истата обраќање имаше и премиерот…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите

Европската комисија вчера го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој вклучува и Извештај за напредокот на земјава на…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски,…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?