Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска
БАЛКАН

(Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска

Објавено June 27, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Силно невреме погоди неколку делови од Хрватска во четврток вечерта. Го погоди и регионот на Загреб, за кој Државниот хидрометеоролошки завод (DHMZ) издаде црвено предупредување поради исклучително опасни временски услови. Ситуацијата беше особено тешка во Бродско-посавската жупанија. Дирекцијата за цивилна заштита утрово објави дека Окружниот центар 112 во Славонски Брод добил бројни пријави од граѓани во текот на ноќта поради последиците од невремето проследено со обилни дождови и бурни ветрови.

Во Бродско-посавската жупанија, помеѓу 00:15 и 02:45 часот, имало прекини на далноводите и прекини на трафостаниците. 2.944 корисници во некои општини останаа без електрична енергија-, се вели во соопштението. Екипите на Електра Славонски Брод веднаш излегоа на терен и работат на отстранување на дефектите, а целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија се очекува во текот на утрото и попладнето.

Во пошироката област на Вуковар, граѓаните беа сведоци на многу силни ветрови, грмотевици и интензивни врнежи од дожд во текот на ноќта. „Во Вуковар имаше силен ветер, а молњите беа како луди“, опиша еден жител.

Загреб, исто така, ја почувствувал бурата, околу 3:00 часот наутро градот бил погоден од силни ветрови кои донеле обилен дожд. По краткотрајното затишје, непосредно пред 8:00 часот наутро, силен пороен дожд повторно го погоди Загреб, придружен со силни грмотевици и налети на ветер. На западот од земјата, во Истра, во некои делови беше регистриран и град.

Силната бура ја погоди и соседна Италија, каде што беа регистрирани обилни врнежи од дожд, бурен ветер и град. На социјалните мрежи кружат фотографии од големи парчиња град, кои сведочат за силата на бурата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август
Следна Статија Се огласи Ана Винтур: го напушта „Vogue“ по 37 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Кокаин вреден до 5 милиони евра пловел со чамец по Дунав

Кокаин вреден до 5 милиони евра бил запленет во близина на Бачка Паланка во Србија, откако српската полиција пронашла околу…

May 29, 2026
БАЛКАН

Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград…

March 23, 2025
БАЛКАН

Атина се крена за железничката несреќа пред три години

– Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани…

February 28, 2026
БАЛКАН

Претседателот на Србија отвори страница на која граѓаните ќе можат да пријавуваат закани од функционерите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави  соопштение по повод лансирањето на платформата „Кој си бре ти?“…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?