Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица
ХРОНИКА

Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица

Објавено July 11, 2026 16:07
Сподели
Сподели

Пред два дена во полицискиот билтен излезе информација дека на 9 јули вечерта биле уапсени двајца копчанчани фатени со кокаин, кој го криеле во возилото.

„На 09 јули, 2026 година во 23 и 55 часот на влез во село Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани.

При преглед на патничкото возило „субару“ со кочански регистерски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, се наведуваше во полицискиот билтен.

Сепак, информациите до кои дојде „Фокус“ се дека 41-годишниот А.Л. вчера додека бил на распит во полициската станица во Кочани успеал да избега.

„На 10 јули, 2026 година во 20 и 35 часот во Полициската станица Кочани, А.Л. (41) година од Кочани кој претходно бил задржан во полициската станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од просторија отворил прозорец и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се наведува во официјалниот одговор на МВР за „Фокус“.

Како што дознаваме, бегалецот е близок до пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој хороскопски знак го очекува големо изненадување
Следна Статија Meta ја повлече новата ВИ-алатка за фотографии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани, за девет месеци најдени околу 1.000 телефони

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по…

April 9, 2025
ХРОНИКА

Трагедија: Загинаа маж и 20-годишно момче на патот Ресен – Битола

Момче од Охрид на 20-годишна возраст е втора жртва во големата сообраќајна трагедија што се случи денеска попладнето на патот…

August 18, 2025
ХРОНИКА

Криминал со употребувани возила и глисери – штетата е 635 илјади денари, вмешан и царински службеник

Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила,…

February 5, 2025
ХРОНИКА

Зелениково: Возот вратен на шини, железничкиот сообраќајот нормализиран

Пругата е пуштена за сообраќај откако товарниот воз вчера, во 21:37 часот, беше излезен од шините, по што во прекин…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?