Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој му се заканува на Гаши?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кој му се заканува на Гаши?
МАКЕДОНИЈА

Кој му се заканува на Гаши?

Објавено February 18, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет. Заканата што Гаши ја добил на електронската пошта е пријавена и во Министерството за внатрешни работи.

Оттаму за МИА информираат дека во Секторот за компјутерски криминал при МВР има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.

Медиумите попладнево објавија дека претседателот на Собранието добил електронска пошта со заканувачка содржина во врска со уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот.

Гаши, како што се посочува, оваа порака ја добил по синоќешното интервју за „360 степени“ каде кажа дека по изборот на нова влада во Бугарија може да се пристапи кон решавање на спорот, но оти не може веднаш да се очекува некој голем успех во разговорите.

Гледајќи на овој проблем низ призма на заеднички интерес и на двете држави и на двата народа, македонскиот и бугарскиот, во смисла на регионална сигурност, мислам дека е од заеднички интерес да пристапиме кон решавање на овој спор. Односно, да се тргне бугарското вето за отворање на преговорите на нашата земја со ЕУ. Мислам дека Бугарија ништо не губи, напротив, јас сум убеден дека тие добиваат, но само треба да чекаме малку време да спласне тензијата, да се разговара на масата со аргументи. Да го сфатат и нашиот контекст. И мислам дека САД и Брисел, ако помогнат малку, убеден сум дека уште малку ни треба да се одврзе овој јазол, рече Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи
Следна Статија Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вандализирана нова градинка во Бутел 1

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на својот профил на Фејсбук објави дека е вандализирана новата детска градинка во општината.…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сточарот Јетмир најде телефон изгубен пред четири години на Солунска глава, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изумот на Борис Секирарски спасува животи при поплави и пожари, а државата 8 години е незаинтересирана

Македонија со години има на располагање систем кој навреме алармира за опасност од поплави, но и дава корисни и навремени информации…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Македонија за следен заменик генерален секретар. „Среќен…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?