Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изумот на Борис Секирарски спасува животи при поплави и пожари, а државата 8 години е незаинтересирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изумот на Борис Секирарски спасува животи при поплави и пожари, а државата 8 години е незаинтересирана
МАКЕДОНИЈА

Изумот на Борис Секирарски спасува животи при поплави и пожари, а државата 8 години е незаинтересирана

Објавено October 5, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Македонија со години има на располагање систем кој навреме алармира за опасност од поплави, но и дава корисни и навремени информации кога има закана од невреме и при еколошки катастрофи, но за жал не е заинтересирана да го искористи. Станува збор за системот ЕЛИФ, изум на Борис Секирарски, кој е физичар, метеоролог и иноватор, и кој целиот живот ѝ го посветил на науката, пишува „Фокус“.

Тој уште во 2017 година го презентираше својот изум ЕЛИФ, првенствено наменет за предупредување од поплави, но државата, иако го препозна неговиот успех како иноватор, не го искористи неговиот изум. Тој по којзнае кој пат се покажа многу корисен и по пожарот во Трубарево. Секирарски, преку фотографии разбирливи за секој човек, извести за првичното движење на опасниот чад. Потоа на секои два часа објавуваше за новата насока на чадот, но за жал информациите можеа да ги видат само неговите пријатели на „Фејсбук“.

Системот ЕЛИФ можеше да се употреби и за заштита на граѓаните кога се случи пожарот во Фалише покрај Тетово, опасното истекување во кругот на некогашната фабрика ОХИС, поплавите во Стајковци и скопската котлина… Во ниту еден од тие случаи немаше брзо информирање кое е познато како „rapid responce“ за загрозеност од ширење на опасни материи во вид на облак.

Ние потполно ја игнориравме потребата од најитно информирање во вака опасни состојби. Ние загубивме пред една деценија повеќе од 25 наши сограѓани во две брзи поплавувања. И тогаш немавме никаков систем за брза реакција, а и сега нема ниту обврска некој тоа да го стори, ниту развој на начини како тоа да се стори. Значи за 10 години ние не се помрднавме од место за да сме поефикасни во брзото поплавување за да се спасат човечките животи најпрвин“, вели Секирарски за „Фокус“.

Тој објаснува дека неговиот систем веќе со години ѝ е на дофат на државата, но таа не покажува интерес.

„Единствено во оваа насока во 2017 година се појави мојот систем за сигнализирање на отворено (плоштад, улица, училиште) за опасност од брза поплава. Системот освои 5 меѓународни златни и сребрени медали на саемите за иновации од Скопје до Москва и Загреб, за кратко проработи на балконот од мојата куќа во Куманово и тука сѐ застана. Во 2018 година ја добив и Ноемвриската награда на град Куманово. Наградите не изостанаа, но граѓаните не добија посигурно живеење. Требаше да ги поставиме уредите кај Стајковци, кај реката Пена во Полог и на десетина други места, но и да ги вметнеме во еден иден модерен систем. За жал, ништо од тоа не се случи. Сѐ е исто како во 2015 година“, со разочарување забележува иноваторот Секирарски.

Тој се обидел да го стави својот изум на располагање, чукнал на многу врати, но наишол на незаинтересираност и молк.

„Јас тогаш ги оставив моите секојдневни истражувања и појдов да барам пат како да почне мојот тогашен систем за брзи поплави да се примени. Изодев малку чукајќи на вратите на директори (ЦУК, ДСЗ), и неколку градоначалници (кои вкупно беа на функција од над 800.000 жители) и ништо. Наидов на едни луѓе, кои беа „културно незаинтересирани“ во однесувањето и единствено расположени да раскажат какви системи тие ќе спроведат или само што не ги спровеле. Самиот УХМР, во кој јас до неодамна бев вработен, е многу ниско поставен во хиерархијата на целиот наш систем на заштита, па и тој немаше никаков интерес за вакви активности“, вели Секирарски.

Целиот текст прочитајте го на „Фокус“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Србија денеска се навршуваат 25 години од петтооктомвриските промени, утрешниот ден ќе биде одбележан со трибина
Следна Статија Герасимовски: Поставуваме пристапни рампи во секој новоизграден објект, се грижиме за сите граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Санкционирани 106 субјекти од УЈП за неполна недела

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација,…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Амбасадорот кој гласаше за промена на името се враќа дома, повлечена и Руси од Бугарија

Доколку одлуката на Законодавно-правната комисија помине и на собраниска седница, амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево,…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски со сочувство и донација за настраданите од Кочани

Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, изрази сочувство и донира финансиски…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?