Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој пости – душата ја гости: Од понеделник почнува Велигденскиот пост, ова се правилата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кој пости – душата ја гости: Од понеделник почнува Велигденскиот пост, ова се правилата
МАКЕДОНИЈА

Кој пости – душата ја гости: Од понеделник почнува Велигденскиот пост, ова се правилата

Објавено March 1, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Од понеделник, ден после Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Contents
  • Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели:
  • Начин на постење и исхрана
  • Поуки и препораки за христијанскиот живот во текот на постот

Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден, но се нарекува Четириесетница, затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица.

Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.

Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели:

Крстените, пак, да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за Празникот што претставува основа на верата. Христијанската вера е вера во воскресението. Тоа му дава смисла и цел на христијанскиот живот.

Да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение.

Начин на постење и исхрана

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.

Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест.

Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.

Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и од вино. Храната доминантно е од растително потекло.

Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно. Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години, но и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл.

Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.

Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје. И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето.

Поуки и препораки за христијанскиот живот во текот на постот

Постењето не е само воздржување од мрсна храна или нејадење, оти и ѓаволот воопшто не јаде, ама јаде души човечки и е полн со злоба, па не може да се спаси.

Затоа, кога постиш, не завидувај, туку радувај се; не осудувај, туку проштевај; не прави неправда, туку помагај; не отфрлај, туку поткрепувај; не скарувај, туку смирувај; не навредувај, туку пофалувај итн. Зашто, каква е ползата што не јадеш месо, ако го јадеш брата си?

Постот е време на духовна будност, очистување, покајание, молитва, подвизи и добри дела. Тој е неразделно поврзан со молитва, со читање духовни книги, со дела на милост и љубов кон ближниот, духовни разговори, посета на богослужби, читање и проучување на Светото писмо, посета на часови по веронаука и верски поуки и правење добро.

Најдобро е така христијански да живееме постојано, но ако во тоа не успеваме, тогаш постот е најдобар период за вежбање во доброто и придржување кон тоа, за да ни постане доброто навика и да биде наш начин на живеење. Добро е во тој период да се воздржиме од вообичаените лоши навики, недостатоци и пороци.

Да ги контролираме страстите. Да не говориме неумесни зборови, пцости и шеги; да не гледаме премногу телевизија, особено, она што е непотребно, непристојно и соблазнително; да одбегнуваме кавги и расправии; да го отфрламе гневот и злобата; да го оставиме пушењето или да го смалиме; да се воздржиме од алкохолни пијалoци или да се ползуваат умерено; да се одбегнува секое зломислие, злочувство и злодело. Да мислиме повеќе на духовното, отколку на телесното – повеќе за душата, отколку за телото.

Народот вели: Кој пости, душата ја гости!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“
Следна Статија Остар пад на биткоинот, сега вреди 78.520 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец: „Патувај со ангелите златно дете“

Тага, шок и неверување! Имаше само 32 години и светла иднина пред себе, а замина засекогаш во вечноста! Македонската јавност…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Taравари за паркингот: 50 денари не е многу, некои паркираат на Клинички и се шетаат низ Скопје приватно

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Парично казнети 23 угостители: Вонредни контроли на АХВ кај организаторите на предновогодишни прослави

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?