Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крај на Бразил за СП (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Крај на Бразил за СП (ВИДЕО)
СПОРТ

Крај на Бразил за СП (ВИДЕО)

Објавено July 6, 2026 08:33
Сподели
Сподели

Норвешка предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд извојува вечерва сензационална победа над Бразил од 2-1 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал.

Ѕвезда на натпреварот беше незапирливиот Халанд, кој ги постигна двата гола за Норвешка, најпрво со глава и донесе водство на Норвешка во 79. минута, додека во 90. минута го удвои водството со прецизен удар од работ на шеснаесетникот. Нејмар од пенал во десеттата минута од судиското продолжение го постигна почесниот гол за Бразил, откако петкратниот светски првак во раната фаза на натпреварот во Њу Џерси не реализираше пенал.

Норвешка го отвори натпреварот со гол во третата минута, но погодокот на Берг беше поништен бидејќи на почетокот на акцијата Сорлот беше во офсајд.

Бразилците не чекаа долго да возвратат и имаа идеална шанса да поведат во 14. минута, кога ударот на Бруно Гимараеш од белата точка го скроти норвешкиот голман Нуланд, одржувајќи го резултатот 0-0.

Натпреварот во продолжението влезе во помирна фаза, а Норвешка многу почесто ја имаше топката во посед, додека Бразил ја чекаше својата шанса од контранапади.

Бразил имаше идеална шанса да дојде во водство во 40. минута, но обидот на Винисиус Жуниор откосо од десетина метри Нуланд го запре со нога и спречи сигурен гол.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Норвежаните возвратија преку Одегард, но бразилскиот голман Алисон го одбрани неговиот удар.

Првата шанса во вториот дел ја имаше Бразил, но Ендрик во 59 минута лошо реагираше во ситуација еден на еден со норвешкиот голман.

Потоа, Рајан имаше шанса за Бразил, а Халанд за Норвешка, додека Нејмар влезе на теренот 68. минута. Играта беше отворена на двете страни и се чинеше дека обете репрезентации сакаат да избегнат продолженија.

Норвешка поведе во 79. минута кога претходно незабележливиот Халанд со глава го совлада Алисон, а во 90 минута го постигна и својот втор гол на натпреварот.

Бразил во продолжението се обиде да избегна елиминација од мундијалскиот турнир, но успеа само да постигне почесен гол преку Нејмар од пенал (90+10).

Норвешка прв пат во својата историја се пласираше во четвртфиналето во кое за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Мексико и Англија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали фудбалот е на пат да се врати дома? (ВИДЕО)
Следна Статија Ивановски: Се вратив, по една година повреди со многу маки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мусовски е спремен за деби настап

Дени Мусовски е новиот македонски репрезентатиевец .Се очекува тој да добие шанса во вечерашниот меч во Данска.Можеби не од почетокот…

March 26, 2026
СПОРТ

Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија

Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС). Алимпијевиќ се договори со КСС…

September 30, 2025
СПОРТ

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки…

July 22, 2025
СПОРТ

Seahawks тријумфираат и освојуваат врвно место во НФЦ плеј-офот

Seahawks покажаа зошто може повторно да се вратат на стадионот Леви во наредниот месец за Супер Бол, победувајќи ги 49ers…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?