Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цветановски откри детали од драмата со навивачите на АЕК во Скопје: Не смееле да излезат на терен, биле со солзи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Цветановски откри детали од драмата со навивачите на АЕК во Скопје: Не смееле да излезат на терен, биле со солзи
СПОРТ

Цветановски откри детали од драмата со навивачите на АЕК во Скопје: Не смееле да излезат на терен, биле со солзи

Објавено May 25, 2025 21:50
Сподели
Сподели

Финалето во ракомет меѓу Алкалоид и АЕК не само што не се одигра, туку остана запаметено како пример за притисоци, закани и спорт што капитулира под надворешни влијанија. Претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски, за МРТВ откри детали од драмата зад кулисите. Според него, уште од утринскиот технички состанок постоеле јасни сигнали дека може да настане проблем поради бројот на дозволени грчки навивачи – ограничени на 200 лица поради безбедносни проценки и одлука на МВР. Дел од навивачите на АЕК сепак допатувале во Скопје, без да имаат билети, и поставиле ултиматум до сопствениот клуб.

„Имавме сигнали во текот на денот, бидејќи тие разговори траеја од 10 часот кога беше техничкиот состанок, кога треба да се догови сѐ, како ќе тече протоколот. Нашиот клуб и МВР донесоа одлука, по сѐ што се случува во државата, бројот на влезници за гостите да биде 200. Дел од навивачите на АЕК допатуваа во Скопје, дел не. И тука настана проблем. Дадоа ултиматум на претставниците на АЕК дека ќе трпат последици, ако се појават на теренот. Управата на АЕК затоа не им дозвoли да се појават. Ракометарите на АЕК имаа и солзи на очите, но не смееја против одлуката на управата“, рече Зоран Цветановски, претставник на „Алкалоид“ за МРТВ.

Тој додаде: „Точно се знаеше дека тој контингент е 200. Се напраивија напори, им беше кажано да не доаѓаат. Но тие патуваа без разлика дали имаат влезници или не. Нашите органи од МВР си ја знаат работата, беа децинди дека мора така да биде. Јас нема да си дозволам да ги толкувам критерумите, правилата и сите тие кои имаат свои некои правила на игра во ЕХВ. Тоа нема да си дозволам. На прва, логично е дека треба да биде 10:0. Можно е сѐ да се случи. Сметам дека Алкалоид треба да го добие трофеојот, но би почекал, бидејќи може да се појави друга варијатна“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Натпреварот Алкалоид – АЕК нема да се игра
Следна Статија Од плачковци прваци не бидува: Прва изјава на грчките ракометари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Како што се очекуваше, Ламин Јамал ќе биде новиот сопственик на 10-ката на Барса. Јамал покажа дека го следи патот…

May 20, 2025
СПОРТ

Елиф Елмас на излезна врата од Лајпциг, не прифаќа нова позајмица

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, најверојатно ќе го напушти германскиот Лајпциг во летниот преоден рок, пренесува угледниот германски спортски магазин…

July 11, 2025
СПОРТ

Болоња го совлада Милан и по 51 година го освои пехарот во Купот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња го освоија Купот на Италија. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Болоња го победи Милан со 1:0.…

May 15, 2025
СПОРТ

Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?