Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска
СВЕТ

Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска

Објавено March 7, 2025 19:27
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, а Кремљ по разговорот излезе со соопштение во кое меѓу другото ја истакна поддршката за властите во Белград и противењето на какво било странско влијание врз внатрешните работи на Србија, пренесе Индекс.

Според Кремљ, Путин му рекол на Вучиќ дека „надворешното мешање во внатрешната политичка ситуација во Србија е неприфатливо“ и изразил поддршка за постапките на легално избраната влада во Србија. Покрај тоа, Москва особено ја нагласи „солидарноста со претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, се вели во официјалното соопштение на Кремљ објавено по разговорот.

Во текот на разговорот, Путин и Вучиќ, како што се наведува во соопштението, „ја потврдиле меѓусебната подготвеност за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија, кое се заснова на духовните, културните и историските врски на народите на двете земји“.

Кремљ наведува и дека „посебно внимание било посветено на конкретни прашања за понатамошна соработка во различни сектори, пред сѐ во областа на енергетиката“.

Вучиќ, наведува Кремљ понатаму, потврдил дека во мај ќе отпатува за Москва за да ја одбележи 80-годишнината од победата во Втората светска војна и дека Србија ќе испрати припадници на своите вооружени сили на воената парада на 9 мај.

Во соопштението се додава дека Путин го искористил разговорот за да му честита роденден на Вучиќ. „Владимир Путин ја искористи можноста да упати топли честитки до претседателот на Србија за неговиот неодамна прославен 55-ти роденден“, соопшти Кремљ.

Беше најавено и дека „контактите на различни нивоа ќе продолжат“, се заклучува во официјалното соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Извршен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во с. Матејче
Следна Статија Денеска се одбележува 8-ми март, светскиот ден на борбата на жените за родова рамноправност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илон Маск: X е погоден од „масoвен сајбер напад“!

Социјалната мрежа Икс е погодена од „масовен сајбер напад“. Оваа информација ја откри Илон Маск, шеф на платформата кој кажа…

March 10, 2025
СВЕТ

Масовен руски напад врз Киев, меѓу загинатите има и дете (ВИДЕО)

Во масовен воздушен напад извршен во текот на ноќта помеѓу 27 и 28 август, руските сили го нападнаа главниот град…

August 28, 2025
СВЕТ

(Видео) Кон Кралот на Шпанија фрлаа со кал: „Ја разбирам фрустрацијата на луѓето“

Градоначалничката на Паипорта, град во Шпанија каде жителите фрлаа кал врз кралот и премиерот, нарекувајќи ги „убијци“, рече дека тоа…

November 4, 2024
СВЕТ

Европските лидери не го даваат Гренланд

Лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска денеска издадоа заедничко соопштение за Гренланд, во која се…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?