Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Извршен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во с. Матејче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Извршен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во с. Матејче
ХРОНИКА

(ФОТО) Извршен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во с. Матејче

Објавено March 7, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Извршено е провалување, копање на подот во манастирската црква и украден е оловниот лим од централната купола на манастирската црква Пресвета Богородица во Матејче, соопштија од Кумановско-осоговска Епархија.

Тие наведуваат дека како сопственици на заштитено културно добро, ја известуваме јавноста дека врз заштитетното културно добро ‒ манастирот Пресвета Богородица, с. Матејче, Општина Липково, Куманово, од страна на непознат сторител во месец март 2025 година е извршен неовластен упад во црковен имот во Манастирот Пресвета Богородица с. Матејче. Упадот е извршен со провалување во затворените простории на манастирската црква. Извршено е копање на подот на манастирската црква, кој е целосно раскопан, и извршен е ископ на голема количина на земја, при што се извадени и осквернавени посмртните останки на порано погребани лица на ова место. Исто така е причинета значителна материјална штета и кражба на оловен лим од централната купола на манастирската црква.

На ден 06.03.2025 година член на Црковниот одбор на манастирот Пресвета Богородица го посетил манастирот и забележал дека врз заштитеното културно добро е извршен вандалски чин, на погоре опишаниот начин. За настанатата материјална штета, по службена должност, настанот го пријави до митрополијата во Куманово, како надлежен орган за понатамошно постапување, потенцираат од Кумановско-осоговска Епархија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица од Тетово со сила пробале да влезат во канцеларијата на градоначалникот Касами
Следна Статија Кремљ за разговорот на Путин со Вучиќ: Доаѓа во Москва заедно со српска војска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, извршено на крајот од…

October 14, 2024
ХРОНИКА

Насилно ја пикнале во кола: Четворица скопјани киднапирале 23-годишна девојка во Струга

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина

Шеесет и осумгодишен жител на Струмица е лишен од слобода откако со возило удрил полициски службеник и го напуштил местото…

January 12, 2026
ХРОНИКА

Тројца Македонци провалувале во станови во Хрватска, краделе накит, пари и вредни предмети

Полициски службеници од Службата за општ криминал при полициската управа Приморје-Горски Котар и 1-та полициска станица Риека завршија кривична истрага…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?