Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кремљ позитивно го оцени дијалогот Путин-Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кремљ позитивно го оцени дијалогот Путин-Трамп
СВЕТ

Кремљ позитивно го оцени дијалогот Путин-Трамп

Објавено February 23, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Кремљ денеска ги оцени како ветувачки разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, во време кога Москва и Вашингтон најавуваат организација на самит меѓу двајцата лидери.

Се одржа дијалог меѓу двајца навистина исклучителни претседатели. Тоа ветува. Важно е ништо да не го наруши спроведувањето на нивната политичка волја, изјави за руската телевизија портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање за цврстината на САД кон Киев и непријателските изјави на Трамп кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп оцени дека Украина е одговорна за почетокот на конфликтот, ги почна американско-руските разговори без украинско или европско учество, а неговиот украински колега Зеленски го нарече диктатор. Американскиот претседател вчера изјави дека сака Америка да ја врати помошта дадена на Украина за време на изминатите три години од војната, со тоа што САД ќе добијат пристап до украинските минерални ресурси, пренесе Бета.

Коментирајќи ја промената на американската позиција, Песков изрази задоволство и ја опиша непријателската реакција на Трамп кон Зеленски како „сосема разбирлива“.

Зеленски даваше неточни изјави околу шефовите на држави. Тоа го направи повеќе пати. Ниту еден претседател не би толерирал таков третман … затоа таа реакција е сосема разбирлива, рече Песков.

Реагирајќи на обвинувањата на Трамп против Украина дека таа и е одговорна за почетокот на конфликтот со Русија, Зеленски изјави дека американскиот претседател живее во „сфера на руски дезинформации“.

Песков рече дека Русија „никогаш нема да ги продаде“ териториите што моментално ги окупира, што се околу 20 отсто од територијата на Украина, што укажува дека Москва не е подготвена да направи никакви компромиси околу тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Според анкетите Мерц со најголеми шанси да стане канцелар на Германија
Следна Статија Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Индиската влада го обвини Пакистан за „повеќекратно прекршување“ на прекинот на огнот објавен денеска, по четиридневните воени судири меѓу земјите.…

May 10, 2025
СВЕТ

Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите

Русија ја поддржува иницијативата за 30-дневен прекин на огнот во Украина, но само доколку се земат предвид “нијансите”, изјави синоќа…

May 10, 2025
СВЕТ

Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин за време на нивниот телефонски разговор денеска се согласија дека војната…

March 18, 2025
СВЕТ

Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

Во израелските напади, во изминатите 24 часа, во Појасот Газа загинаа најмалку 60 луѓе во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?