Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за градоначалник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за градоначалник
ХРОНИКА

Кривична пријава за градоначалник

Објавено February 26, 2025 21:26
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 3 и 1 , а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки – набавка и испорака на резервни делови, прибори и масла за возниот парк за потребите на општина Делчево со важност од 13.06.2019 до 12.06.2020, во кој договор во спецификацијата била понудена нереално ниска цена, за 16 пати пониска од другите двајца понудувачи.

Од комисијата за јавни набавки на пријавениот Г.Т. му било укажано за невообичаено ниските цени и согласно член 163 став 1 од Законот за јавни набавки бил должен од економскиот оператор побара дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и согласно член 169 став 1 точка 4 и 5 од Законот за јавни набавки да го поништи таквиот оглас за јавна набавка. Но, и покрај тоа пријавениот ги пречекорил границите на службената должност со неизвршување на службената должност, фаворизирал и овозможил на правно лице од Делчево да го добие договорот за јавна набавка на стоки – делови за моторни возила за потребите на општина Делчево.

По склучување на договорот, пријавениот наместо да обезбеди правилно и законски користење на средствата на општината и да ги набави деловите со невобичаено ниска цена, не извршил набавка на таквите делови, а извршил набавка и плаќање на сите останати стоки наведени во тендерската документација кои биле со повисоки цени од понудите на другите двајца понудувачи и на тој начин му озовможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист на штета на општина Делчево во износ од 222.760 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина затвореник, познат неговиот идентитет
Следна Статија СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Афера „Крмзов“: За околу 90 милиони евра штета инволвирани 23 физички и 15 правни лица

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Тело на жена извлечено од Вардар во Аеродром

Попладнево е извлечено тело од реката Вардар во скопски Аеродром. На снимките се гледа полициската интервенција и извлекувањето. Засега не…

January 28, 2025
ХРОНИКА

Кирил Поп Христов ќе биде погребан во Еквадор, покрај океанот

Синоќа беше објавена веста дека почина актерот Кирил Поп Христов-Кили. Тој ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше…

March 12, 2026
ХРОНИКА

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е лишен од слобода, потврдуваат извори вклучени во истрагата. Предметот го води Основното јавно обвинителство…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?