Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против петмина вработени во АХВ: Првопријавениот повеќе од 5 години не доаѓал на работа, останатите го толерирале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против петмина вработени во АХВ: Првопријавениот повеќе од 5 години не доаѓал на работа, останатите го толерирале
ХРОНИКА

Кривична пријава против петмина вработени во АХВ: Првопријавениот повеќе од 5 години не доаѓал на работа, останатите го толерирале

Објавено September 4, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, СВР Куманово поднела кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства. Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси иако не ги извршувал своите работни задачи. Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман. Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аагенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот иако не бил во списоците за присутност. Петтопријавениот С.К., вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.

Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет години безбедносните служби го прислушкувале Мицкоски, наместо за безбедноста на државата, работеле да се одржат на власт Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија (Видео) Децата врескаат, сцените се ужасни: нова вознемирувачка снимка од Лисабон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина тримесечно бебе во Шутка

На 22.01.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на…

January 23, 2025
ХРОНИКА

МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници

Денеска во 2.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интрвентна полиција при СВР Скопје го уапсила Л.А.(18) од…

December 9, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење

На 18.12.2024 во 00:51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост…

December 18, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус на ЈСП

Во попладневните часови во селото Грушино, во близина на Арачиново, се случи сериозен инцидент кога автобус на ЈСП бил зафатен…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?