Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“
ХРОНИКА

Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“

Објавено February 2, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.

На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на пријавениот полициски службеник од страна на управителот му бил испратен видео запис од безбедносни камери во врска со пријавеното кривично дело. Пријавениот видео записот преку социјалната мрежа „инстаграм“ го испратил односно го сторил достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кој воедно од страна на управителот бил пријавен за кривичното дело „изнуда“.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Густа магла и видливост до 50 метри на Плетвар
Следна Статија Македонско признание за болницата „Пирогов“ во Софија за лечењето на пациентите од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Манијак следел со возило две малолетнички, па се самозадоволувал пред нив

Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје, 45-годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил на патот Тетово – Јажинце

Сообраќајна несреќа меѓу трактор и автомобил се случила попладнево на регионалниот пат Тетово – Јажинце, јавува репортерот на ТВ21. Како…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Сведокот Плотников: Влатко Кешишов инсистираше да си одам од штабот

Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?