Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја
ХРОНИКА

Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја

Објавено June 23, 2025 18:58
Сподели
Сподели

Кавадаречката полиција поднела кривична пријава против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја, како и против две лица од Струмица, поради сомнеж дека ги откупиле кабелот и бакарот. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднело кривична пријава против шест млади лица, сите од село Марена, кавадаречко.

– Пријавата е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, соопштија од СВР Велес.

Кривична пријава била поднесена и против 37 – годишник со привремен престој во Струмица и 43 – годишен од Струмица, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик.

Оттаму споделија дека настаните за кои се сомничат, се случиле на 22.11.2024 и 23.11.2024 година.

-Првите шест пријавени со употреба на подесен алат од парцела кај место викано Маренски рид, во близина на село Марена, одзеле 467 метри електричен кабел наменет за поврзување на фотоволтаици за производство на струја. Останатите две лица пак, го откупиле бакарот и каблите. Со ваквото дејствие пријавените предизвикале материјална штета на правно лице од Скопје од околу 915.000 денари, информираа од СВР Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените
Следна Статија Блок 2 на РЕК “Битола” вклучен во електродистрибутивната мрежа денеска по 18 часот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

23-годишник од Волково обвинет за полови дејствија врз петгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен маж од скопско Волково, осомничен дека извршил полови дејствија врз девојче…

November 18, 2025
ХРОНИКА

78-годишен велосипедист синоќа загина во сообраќајка во Скопје – Возачот е приведен

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“

Утрово во пикот на сообраќајниот метеж, девојка беше прегазена на пешачки премин кај „Дајмонд“. Девојката лежи на ладниот асфалт и…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Откриени и одземени над 4 килограми кокаин од групата на Штекли

Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?