Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
ХРОНИКА

Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба

Објавено April 18, 2025 10:53
Сподели
Сподели

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.

Имено, на 01.11.2018 првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција” во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за  управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио
Следна Статија (Видео) Возач со „голф“ влечеше коњ низ центарот на Скопје, полицијата го идентификуваше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен кумановец кој имал 28 универзални клучеви за отворање брави

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Туристка од Јапонија паднала од карпите кај охридската населба Канео

Женско лице вчера попладнево околу 14 часот паднало кај охридската населба Канео, што се издигаат над јужниот брег на Охридското…

June 30, 2025
ХРОНИКА

„Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочеше поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев.…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Пронајден мртов Марјан Јованов – Мане Левис во базен во неговиот дом

Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во базен во дворот на куќа во скопски…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?