Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична против поранешниот претседател на Стоматолошката комора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична против поранешниот претседател на Стоматолошката комора
ХРОНИКА

Кривична против поранешниот претседател на Стоматолошката комора

Објавено May 1, 2026 11:03
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ на Република Македонија.

Првопријавениот М.Д., пречекорувајќи ги границите на службените овластувања доверени од Министерството за здравство за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на доктори по стоматологија, свесно и со однапред утврдена намера склучувал договори со непостоечки здруженија за спроведување облици на континуирано стручно усовршување преку кои докторите по стоматологија стекнувале бодови за обновување на лиценците.

Воедно, првопријавениот бил основач, овластен потписник на банкарските сметки и еден од фактичките управители на ДДДММ – Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово, преку кое го изигрувал системот, постапувајќи спротивно на Правилникот за континуирано стручно усовршување и Законот за здравствена заштита

Во координација со останатите пријавени, биле издавани решенија и склучувани договори со цел спроведување на поголем број на настани годишно од она што е пропишано во Правилникот, овозможувајќи им имотна корист за ДДДММ, Македонското стоматолошко друштво и Стоматолошкото друштво на Албанците, на чии банкарски сметки се исплатувале средствата од котизациите на докторите по стоматологија за сите противправно акредитирани и реализирани настани, а за таа цел здруженијата во нивен состав намерно не биле регистрирани како посебни правни лица.

Со горенаведените противправни дејствија, пријавените оствариле имотна корист за друштвата ДДДММ друштво на доктори на дентална медицина на Македонија, Македонско Стоматолошко друштво и Стоматолошко Друштво на Албанците во вкупен износ од 31.969.250,00 денар

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
Следна Статија Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија: Маж пронајден починат на паркинг во Центар

На 30.06.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Малолетници тепале дете во Чаир

На 04.05.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, Ш.Д.(47) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во кругот на основно…

May 5, 2026
ХРОНИКА

Насилни малолетнички тепале девојче, па снимката била објавена на социјални мрежи

На 10.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Уапсен штипјанец кој принудувал момче да зема брзи кредити и да краде од татко му

28-годишниот Ф.Ј. од Штип беше уапсен бидејќи се сомничи дека во период од речиси девет месеци, со закани и присилба…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?