Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром
ХРОНИКА

Кривични пријави за родителите и малолетничките за врсничкото насилство во Аеродром

Објавено July 2, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Две малолетнички, поврзани со врсничкото насилство во општина Аеродром, како и нивните родители биле повикани во полициска станица, каде е извршен разговор со нив, по што ќе следуваат и соодветни кривични пријави, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје вчера во 19:30 часот 31-годишна жена пријавила дека на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка, која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

За случајот, како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Во врска со предметниот настан, додаваат од МВР, се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“
Следна Статија ЕУ ќе го прераспредели финансирањето од Западен Балкан во корист на Македонија, Црна Гора и Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна 13-годишно девојче од Штип

На 16.11.2024 во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13). Се преземаат мерки…

November 17, 2024
ХРОНИКА

Несреќа во Кочани: Повредени четири лица, две од нив се малолетни

На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат с.Оризари – с. Прибачево, кочанско кај…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе

На 26.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје - Средно Водно се случила…

January 27, 2025
ХРОНИКА

Терористичка група поврзана со Иран под истрага во Македонија поради палењето на синагогата во Скопје

Безбедносните органи во Македонија спроведуваат истрага за новоформираната терористичка група „Ашаб Ал Јамин“ (HAYI), за која постојат сомнежи дека е…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?