Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одреден 30-дневен притвор за момчето што ја прегази Фросина Кулакова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одреден 30-дневен притвор за момчето што ја прегази Фросина Кулакова
ХРОНИКА

Одреден 30-дневен притвор за момчето што ја прегази Фросина Кулакова

Објавено January 31, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со сообраќајната несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во која едно лице го загуби животот, ја информираме јавноста дека Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден, по произнесување на Јавниот обвинител и осомничениот В.Ј., го прифати предлогот и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, информираа денеска од Основен кривичен суд Скопје.

Што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, од Судот соопштуваат дека Јованов на 31.07.2024 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска и тоа за две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка.

Станува збор за Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се засметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба само во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелацискиот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување, појаснуваат од Обвинителството.

Согласно евиденцијата на Судот, Јованов не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела.

Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентирано, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир. Како Суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа. Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда, со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја, како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат, нагласуваат од Судот.

Оттаму прашуваат дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде, како што велат, не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид било кој граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола и додаваат дека дека станува збор за општествен проблем.

Осомничениот Јованов на 29 јануари, со возило „Пежо 207“, поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегази Фросина Кулакова која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лентана булевар „Партизански Одреди“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез
Следна Статија Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведена бегалка од затвор, вратена е во Идризово доиздржување на казната

На 20.06.2025 во 21.10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија.…

June 21, 2025
ХРОНИКА

„Ќе ве ставам во притвор“, „Ќе ве фрлам од 6-ти кат“: Пет жени претрпеле голгота поради Виш Јавен обвинител – еве ги деталите

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични…

September 9, 2025
ХРОНИКА

Јасмина Костадинова од Министерството за земјоделство призна вина за примање на мито за ИПАРД фондовите

Обвинетата Јасмина Костадинова вработена во Министерството за земјоделство призна вина за примање на мито за да посредува за фирма да…

April 30, 2026
ХРОНИКА

Како кумашинот на Александар ја поврзал снимката со цитроенот на Панче со Вања?

Од денешното рочиште за убиството на Вања произлегоа многу прашања за кои засега нема одговор. Нив ги загатна началникот на…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?