Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам

Објавено January 31, 2025 15:03
Сподели
Сподели

„Апсолутен е, оправдан е, револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и од еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем, којшто треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците. Не само во главниот град, туку и насекаде во државата. 

И мислам дека, не мислам туку знам дека, Министерството за внатрешни работи, тоа како постапка го спроведува и наскоро, од денеска ќе имаме еден таков систем. Кој што ваков тип на дивеење ќе санкционира и тоа мора да се случи колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме, имплементираме и да преземеме казнена политика, којашто ќе биде ригорозна. Затоа што и еден живот да спасиме, сме ја постигнале целта.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

„За жал прерано згасна еден млад живот, поради еден ваков дивјак, којшто се однесувал  дивјачки на улиците во главниот град. Но, за мене по неодговорно е однесувањето на поедини политичари со некрофилска политика, коишто се обидуваат на ваков начин, преку пораки коишто згрозуваат да привлечат политичко внимание и да добијат политички поен.“, посочи премиерот Мицкоски.

„Ова е граѓански протест и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но, час поскоро треба „Безбеден град“, системот да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени. Јас мислам оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што годините наназад сето ова не било направено. 

Во овој Буџет, тука е и министерката, веќе се обезбедени средства, не само во градовите, туку и на клучните артерии, автопатски и експресни патишта коишто ја поврзуваат државата со соседните држави. Така што како Влада, можеме тоа да го направиме.

Од она коешто сум информиран, е дека лицето, коешто го сторило инцидентот е приведено, е одредена мерка од 30 дневен притвор. И се надевам дека, овој како што вие го квалификувавте ваков судско- обвинителски систем, со доверба помала од 2 проценти кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија, и ќе суди и обвинува според закон, и навистина нема да прави, и нема да толерира, ваков тип на личности, коишто ако навреме не ги санкционирате гледате, што сѐ може да направат.“, рече премиерот Мицкоски.

„Така што згрозен сум од политичарите некрофили, коишто на ваков начин сака да добијат политички поен, апсолутно револтот на граѓаните го поддржувам, и жалам како прв човек на Владата, што прерано згасна еден ваков, млад човечки живот. 

И се надевам дека многу скоро од  денеска, сето ова за којшто зборував ќе биде инсталирано, имплементирано и ќе спасуваме човечки животи, да не згаснуваат прерано како што згасна овој.“, искоментира  претседателот на Владата Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одреден 30-дневен притвор за момчето што ја прегази Фросина Кулакова
Следна Статија Meси сака да игра и на следното Светско првенство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АХВ: Заловеното животно во Козле е волк, млад и неухранет

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во…

May 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637.471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука

Одма, веднаш на првата владина седница донесовме одлука дека ќе издвоиме почетни 30 милиони денари за да се помогне на…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?