Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани
ХРОНИКА

Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани

Објавено October 8, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.

МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица.

-Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале  вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Сите недоследности и неправилности се констатирани во записник од извршениот вонреден инспекциски надзор, а за услугата која не исполнувала стандарди и законски услови, од корисниците и нивните блиски наплаќале значителен паричен износ. Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од 2.232.000 денари. При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата „Рудо” во Бутел, а другата на улица „Козара” во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри, информира МВР.

Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар.

По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов
Следна Статија Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош

78-годишна пациентка од Крива Паланка починала во возило на Итната медицинска помош додека била пренесувана кон болница. На 7 март…

March 8, 2026
ХРОНИКА

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Татко дивеел на полицијата оти му го запреле малолетниот син кој возел без возачка

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  запреле  малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Уапсени двајца полицајци од Кичево – учествувале во кражбата на 18 килограми злато во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?