Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кубанска министерка поднесе оставка поради нејзината изјава дека во земјата нема питачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кубанска министерка поднесе оставка поради нејзината изјава дека во земјата нема питачи
СВЕТ

Кубанска министерка поднесе оставка поради нејзината изјава дека во земјата нема питачи

Објавено July 16, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Кубанската министерка за труд и социјално осигурување Марта Елена Феито Кабрера поднесе оставка од функцијата поради нејзината изјава во која негира дека на островот има питачи, што предизвика силни реакции во тамошната јавност и политичка елита, пренесува Би-би-си.

На седницата на Националното собрание, министерката тврдеше дека ако подетално се анализира ситуацијата не терен, на Куба нема просјаци бидејќи луѓето што просат носат облека што сугерира дека не се вистински просјаци. Дополнително, посочи дека оние што пребаруваат по ѓубриштата, контејнерите и депониите тоа го прават по сопствен избор, со цел да заработат, како што рече, лесни пари.

„Гледаме луѓе што изгледаат како просјаци, но кога ќе ги погледнете нивните раце, нивната облека, ќе заклучите дека тие се маскирани како просјаци. Нема просјаци на Куба“,кажа таа.

Според неа, тие истовремено се и нелегални учесници во процесот на рециклирање на отпадот.

Нејзините изјави предизвикаа лавина од критики меѓу граѓаните, активистите и интелектуалците во Куба, кои посочија дека тоа е навреда за кубанскиот народ.

Реакција упати и кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој посочи дека раководството на земјата не смее да биде одвоено од реалноста на народот.

„Никој од нас не може да дејствува со ароганција ниту можеме да дејствуваме со благонаклоност, исклучени од реалноста што ја доживува нашиот народ“,рече тој.

Веднаш потоа министерката си поднесе оставка од функцијата, која е прифатена од Кубанската комунистичка партија и од владата.

Официјалните институции соопштија дека оставката е поднесена по заедничка анализа во која учествувале раководството на партијата, владата и самата министерка, по увидување на своите грешки.

Кубанската влада не објавува официјална статистика за бројот на луѓе што просат, но нивниот број на улиците јасно ја одразува сериозноста на економската криза што ја погодува земјата, како што е недостиг на храна и лекови.

Според податоците на кубанската влада, минатата година 189 илјади семејства и 350 илјади луѓе како ранливи категории на граѓани искористиле програми за социјална помош на островот, со население од 9,7 милиони луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
Следна Статија Италијанските затвори се преполни – може да ослободат 10.000 затвореници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Мајка и две деца, починаа од труење со храна во Истанбул – истрагата е засилена, уапсени се уште три лица

Турската полиција уапси уште три лица откако една Германка и нејзините две деца починаа од труење со храна додека беа…

November 16, 2025
СВЕТ

Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100 години

Џими Картер, скромен земјоделец од Џорџија, кој како претседател на САД се бореше со лошата економија и заложничката криза во…

December 30, 2024
СВЕТ

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа…

October 11, 2024
СВЕТ

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Британската полиција откри дека група од шест лица украле стока вредна 150.000 евра од супермаркетот „Теско“ во Англија во текот…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?