Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?
ПОЛИТИКА

Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?

Објавено September 22, 2025 13:25
Сподели
Сподели

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал. Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји, изјаво на денешната прес-конференција порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Ова не е само технички дефект, ова е последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас. Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека срга ќе гледаме хаос и импровизација.

И македонското небото е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден.

Власта беше глува на сите предупредувањата на контролорите дека клучната опрема, вклучително и радарите и софтверот, е на работ на функционалноста.

Новото раководство вети дека наскоро ќе се инсталира целосно нов систем но тоа не се случи.

Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта?

Наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во нов плен за партиски вработувања и договори за „своите“.

Денес, резултатот е јасен:

Граѓаните и патниците се изложени на ризик.

Македонија изгледа несериозно пред светот.

Институцијата што треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.

Ова е истиот модел кој го гледаме насекаде од здравството, до образованието, до јавните претпријатија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се „вдоми“ во некоја институција, следуваат корупција, неработење и колапс.

Државата не смее да биде приватна фирма на една партија. Граѓаните заслужуваат институции што функционираат, кадри избрани по знаење.

Затоа, денес прашуваме:

Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?

До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ?

Уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен?

Граѓаните гледаат и паметат. СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на институциите на професионалците и на граѓаните, затоа што само така можеме да изградиме безбедна и сигурна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?
Следна Статија Македонската полиција се ребрендира: МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ се жали: Стоилковиќ се однесува нехумано кон 76 вработени – сите Албанци

Демократската унија за интеграција најостро и без никакви резерви го осудува нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за…

April 25, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Скандинавски управуваме со општините

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?