Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ
ПОЛИТИКА

Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

Објавено May 20, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Дали директорт на БЈБ, Александар Јанев не ги исполнува условите за функцијата, праша портпаролката на СДСМ; Богданка Кузеска.

поред информации објавени во неколку медиуми, поднесена е анонимна претставка до ДКСК поради основани сомнежи за незаконитост на дипломата за магистерски студии на Јанев, на Универзитетот Скопје.

Оваа диплома е меѓу основните законски услови за да може да биде назначен за директор на БЈБ.

Како што е објавено, во неговата официјална биографија објавена на страната на МВР нема точен датум на стекнување на звањето “магистер”.

Дополнително, ниту на сајтот на Универзитетот Скопје нема никакви податоци за јавна одбрана на магистерски труд. Не може да се најде ниту запис во електронските системи на универзитетот или Министерството за образование за проверка на плагијат.

Сето ова е законски задолжително.

Според Законот за научноистражувачка дејност, секој магистерски труд мора најмалку 30 дена пред одбраната да биде внесен во системот за проверка на плагијати.

Јанев бил именуван на 28.6.2024 година. Дали е точно дека системот не функцонирал токму во тој период“, праша Кузеска.

Овие сомнежи и овој случај, како што вели, отвора сериозни прашања кои мора да бидат одговорени.

„Дали Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело на БЈБ избрале човек кој не ги исполнува законските услови?

Дали станува збор за фалсификување документи заради партиски интереси?

Зошто МВР молчи за овие јавно објавени сомнежи?“

СДСМ, додава Кузеска, бара одговори на овие прашања и итна истрага од Јавното обвинителство.

Според неа, додека јавноста се уште чека разрешница со директорот на АНБ за неговиот сертификат сега се отвора втор скандал во највисоките безбедносни институции и позиции во државата, Агенцијата за национална безбедност и Бирото за јавна безбедност.

Кузеска нагласува дека безбедноста на граѓаните е ставена во канџите на партиски луѓе за кои прашање е дали воопшто ги исполнуваат законските критериуми.

„Ова е сериозна безбедносна закана. СДСМ ќе продолжи гласно да го разобличува секој скандал, секој фалсификат и секој обид за окупирање на институциите по незаконски пат.

Функционирањето на безбедосните служби не смее да биде жртва на партиската држава која ја инсталира ВМРО-ДПМНЕ повторно“, подвлекува таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Следна Статија Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Анкета: Орце Ѓоргиевски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победат во Скопје

Орце Ѓорѓиевски има поголем рејтинг од првите четворица Кандидати за градоначалник на Град Скопје заедно. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има поголема…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори по локалните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

СПОРЕД ОСВОЕНИ ОПШТИНИ ГО ПОБЕДИВМЕ СДСМ 10:1 Граѓаните избраа работа и дела, вели ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?