Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ
ПОЛИТИКА

Кузеска: Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ

Објавено September 9, 2025 12:06
Сподели
Сподели

Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели дека со вчерашната изјава премиерот потврдил дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен.

„СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење? Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби? Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари? Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата? Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?“, праша Кузеска.

Ако Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи, додаде таа, го повикуваме директорот на АНБ, Бојан Христовски да го стори истото и да го стави државниот интерес пред интересот на партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Трогателно сведоштво за штетата на едно семејство од пожарот во Раштак: „Печат очите, пече грлото од пожарот, ама најмногу пече душата…“
Следна Статија (Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

„Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација…

July 19, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
ПОЛИТИКА

Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад

СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?