Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куновска распали по СДСМ: Партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Куновска распали по СДСМ: Партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса
МАКЕДОНИЈА

Куновска распали по СДСМ: Партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса

Објавено October 21, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Поранешната советничка и пратеничка од СДСМ, Софија Куновска со критичка анализа кон однесувањето на опозициската партија по вчерашниот прв круг од локалните избори.

Таа, меѓу другото, праша: „Можно ли е СДСМ во првиот круг да победил на локалните избори, а членството да не може да ја препознае победата?“

Куновска на својот Фејсбук профил оценува дека клучната илузија на СДСМ е дека ВМРО изгубил во проценти многу повеќе гласови од нив и тоа значело дека СДСМ расте.

-Можно ли е СДСМ во првиот круг да победил на локалните избори, а членството да не може да ја препознае победата? Ја разбирам потребата на ова раководство на СДСМ да се обиде политички да преживее и после ваков дебакл на локалните избори. Половина од нив, на чело со Филипче, не се ниту членови на партијата и нивниот мотив е да дочекаат парламентарни избори и по секоја цена да станат пратеници. За нив членовите кои трчаат на терен и “крварат” од вакви порази воопшто не им се важни. Битно е преминот од НВО секторот во партијата да се “наплати” со четиригодишен пратенички мандат плус една година апанажа. Затоа се користат оптички илузии кои не поминуваат ниту кај малите деца во градинките. Но, еве, да ја примениме математиката на Филипче и компанијата. Нивната клучна илузија е дека ВМРО изгубил во проценти многу повеќе гласови од нив и тоа значело дека СДСМ расте, пишува таа.

Куновска потенцира дека да не се влезе во втор круг во трката за градоначалник на Скопје и советничката листа на СДСМ да е петта по број на гласови, е јасен сигнал дека партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса

-Според првичните анализи, сите независни листи на топтан освоиле 120 илјади гласови, плус има уште 50 илјади неважечки ливчиња. Дополнително, ЗНАМ изгубиле околу 18 илјади гласови од парламентарните избори. Ова се вкупно 188 илјади гласови. Кога СДСМ навистина би растел тогаш логично ќе беше барем половината од овој резервоар на гласови да го имаат на своето конто. Но, да не се влезе во втор круг во трката за градоначалник на Скопје и советничката листа на СДСМ да е петта по број на гласови, е јасен сигнал дека партијата од струмичкото бизнис чекмеџе станува стечајна маса. Навистина од почит кон искрените, лојалните и добронамерни членови на партијата не сакав да коментирам за резултатот на СДСМ пред да заврши вториот круг. Сепак, количината на дрскост и ароганција со која се брани овој дебакл на СДСМ ме натера да го напишам ова. Ќе завршам со цитатот на една членка на СДСМ која ми се јави на телефон со следното прашање: “Дали ги гледаше настапите на Филипче, Пановска и Чупевска? Ако на ваков резултат умеат да бидат волку арогантни, какви ли би биле кога навистина би победиле?” – пишува таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК со официјални резултати: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 ќе има прегласување
Следна Статија Саркози од денес во затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за случајот Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со досегашниот тек на случајот со пожарот во Кочани, по…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“

Ден за високи гости беше реализиран денеска на армискиот полигон Криволак,  во рамките на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2025“.…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година. За ова информираше директорката Гордана…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?