Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ
ПОЛИТИКА

Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ

Објавено May 28, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Софија Куновска, гостуваше во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Таа говореше за причините поради кои што ја напуштила политичката партија СДСМ, а се осврна и на фактот дека сите актуелни потпретседатели на СДСМ, па дури и претседателот, Венко Филипче, не исполнуваат услови да бидат дел од највисокото раководство на СДСМ.

Куновска објасни дека нејзиното напуштање на СДСМ беше токму поради тоа што започнаа процеси во кои што веќе не постоеше идеологија и беше присутен клиентелизам внатре во партијата, што според неа, подоцна резултираше и со клиентелизам во владата.

„СДСМ не го почитува сопствениот статут. Како од политичка партија која што не го почитува сопствениот статут да очекувате дека ќе почитува било што друго“, вели Куновска.

Таа потенцираше дека моменталното раководство, највисокото раководство на СДСМ не ги исполнува статутарните услови да бидат претседател или потпретседатели : ,,Многу убаво е пропишано кој може да биде потпретседател, колку стаж треба да има колку пати треба да биде избиран на централен“

Куновска посочи дека актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, никогаш немал потпишано пристапница во СДСМ:

„Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контра пленумот, за време на шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, прецизираше Куновска.

Таа ги посочи и актуелните потпретседатели на партијата и кажа дека ниту тие, исто како лидерот, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик на претседатели на СДСМ:

„Едноставно е. Да не ги набројувам другите. Ана Чупеска, Фани Каранфилова, Каја Шукова, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик претседател на СДСМ. Статутот дури и не можете да го најдете на страницата на СДСМ веќе“, децидна е Куновска.

Таа додаде дека откако Зоран Заев ја презеде функцијата претседател на СДСМ, критичната маса во партијата сосема и не постои:

„Се намали критичната маса која што може да критикува било што заради тоа што начинот на кој што се поставува раководството на СДСМ од Заев наваму е тој што го критикува раководството дека треба да биде исфрлен од играта“.

Куновска на крај заклучи со причината зошто самата ја напуштила партијата: ,,Јас бев човекот кој што не сакав да стојам позади раководството за време на прикажувањето на бомбите ако не знам што има на бомбите. Проверете ги материјалите, мене ме нема на ниту една прес-конференција“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик
Следна Статија Апсењето на „Циганот“ ги враќа сеќавањата на подземјето во деведесеттите: Кој беше Марјан Тушевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема приватна здравствена установа Аџибадем Систина чии сме гости…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Фани Каранфилова од Сорос со над 2 милиони годишна плата не може да биде ново лице во СДС, таа е потрчко на Заев

СДС вчера со партиски Конгрес потврди дека партијата ја води Зоран Заев, преку неговиот неврохирург Венко Филипче и 40-те потрчковци.…

November 25, 2024
ПОЛИТИКА

Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија…

October 20, 2024
ПОЛИТИКА

Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, , на прес-конференција изјави дека по однос на скандалозната одлука на Јавното обвинителство…

May 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?