Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кјобе: Независноста и кредибилитетот на Народната банка се предуслов за стабилноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кјобе: Независноста и кредибилитетот на Народната банка се предуслов за стабилноста
ЕКОНОМИЈА

Кјобе: Независноста и кредибилитетот на Народната банка се предуслов за стабилноста

Објавено May 9, 2025 16:34
Сподели
Сподели

„Силна институционална и оперативна независност на централната банка е суштински предуслов за стабилна монетарна политика и заштита на економската стабилност“, оцени шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Анет Кјобе, во интервју за МИА. Таа истакна дека стабилната основа на која е поставена монетарната политика на Народната банка овозможува успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и контрола на инфлацијата, а овие резултати се должат на институционалната и оперативната независност на централната банка.

„Во неодамнешната мисија за процена на заштитните механизми го нагласивме доброто работење на Народната банка – нејзината независност, доброто управување, како и солидната финансиска рамка и рамката за управување со ризиците. Ова се основите врз кои се гради кредибилитетот на централната банка, што е клучот за стабилноста на цените и на девизниот курс, коишто мора да бидат заштитени“, изјави Кјобе.

ММФ исто така го истакна усогласувањето на Народната банка со највисоките меѓународни стандарди во однос на транспарентноста, отчетноста и комуникациските практики. Овие стандарди беа потврдени и со високите оценки во Извештајот за оценување според Кодексот за транспарентност на централните банки на ММФ за 2022 година.

ММФ искажа задоволство и од пристапувањето на земјава кон Единственaтa облaст за плаќања во евра (СЕПА) од март 2025 година – значаен чекор за земја што не е членка на ЕУ. Ова членство претставува резултат на успешната регулативна и законска хармонизација, спроведена под водство на Народната банка. ММФ го оценува процесот како сложен и интензивен, со што дополнително се нагласува стратегиската посветеност на централната банка кон високи регулативни стандарди и финансиска интеграција.

„Овие реформи не само што го зголемуваат кредибилитетот на финансискиот систем, туку и ја поставуваат Северна Македонија како лидер на Западен Балкан во областа на финансиската интеграција. Членството во СЕПА ќе овозможи побрзи, поевтини и побезбедни прекугранични плаќања во евра, што е од особено значење за земја со високи приливи на дознаки“, додаде Кјобе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетничка добивала уцени од соученици – им дала 25.000 евра за да не го тепаат нејзиниот помал брат
Следна Статија УЈП потсетува на правилно користење на фискалните апарати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Враќање на неакцептирани новогодишни подароци? Можни се дополнителни трошоци

Неколку големи продавници сега наплаќаат надомест на купувачите за враќање на производи дури и ако се неотворени и во одлична…

December 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Изработен првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата

Стопанската комора на  Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти кога ќе се споредат месеците октомври и септември, рече денеска премиерот…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на почетокот на третата фаза од инвестицијата на германскиот КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?