Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лавров: Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лавров: Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси
СВЕТ

Лавров: Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси

Објавено September 8, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси, вклучувајќи го производството на течен природен гас, соработката на Арктикот, како и во Вселената.

Обраќајќи се пред студенти и наставници на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), Лавров рече дека Русија сака порамноправна соработка со Вашингтон и дека САД покажуваат сличен интерес.

Тој оцени дека САД почнуваат да ја слушаат Русија кога станува збор за причините за војната во Украина, вклучувајќи го и, како што рече, „законодавното истребување на сè што е руско“ во таа земја – јазикот, медиумите, културата и образованието, како и забраната на канонската Украинска православна црква.

Лавров потсети и на разговорите меѓу претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп, одржани во средината на август на Алјаска, кои според него покажале дека Трамп ја разбира потребата од решавање на украинската криза врз основа на почитување на националните интереси на сите страни.

Рускиот министер нагласи дека западните барања за одрекување од руските енергетски ресурси ја поткопуваат светската економија, но дека земји како Бразил, Индија и Кина не се повлекле од своите интереси и продолжуваат да соработуваат со Русија.

– Немаме желба да се осветуваме или да го искажуваме нашиот бес кон некого… Кога нашите поранешни западни партнери ќе се вразумат и ќе сакаат повторно да соработуваат со Русија, нема да ги одбиеме, но ќе ги земеме предвид нивните постапки, рече Лавров.

Тој додаде дека и покрај обидите на Западот да ја ослаби Русија, земјата никогаш не се обидела да му наштети некому, туку напротив – секогаш била подготвена за искрена соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Педро Санчес: Ќе им забраниме влез на сите што учествуваат во геноцид
Следна Статија На покана од Орбан: Мицкоски со синовите замина во Будимпешта за да го гледаат Роналдо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Дејли Телеграф: Британски војник најден убиен и со врзани раце фрлен во резервоар во Украина

Британскиот весник „Дејли Телеграф“ открива нови детали за смртта на платеникот Џордан Чедвик, чие тело со врзани раце беше пронајдено…

July 14, 2025
СВЕТ

Русија издаде потерница по Гари Каспаров

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на…

May 23, 2026
СВЕТ

Захарова: УСАИД е машина за мешање во работите на другите земји

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја поздрави одлуката на новата американска администрација да ја затвори Агенцијата за меѓународна развојна…

February 6, 2025
СВЕТ

Судија наредува Архивата на Ана да избрише scraped податоци; никој не верува дека ќе се усогласи

Операторот на WorldCat се надева дека default пресудата ќе ги убеди веб-домаќините да преземат дејство.

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?