Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина за обид за атентат врз рускиот генерален Владимир Алексеев во Москва.
Според неговите зборови, како што пренесува Reuters, овој наводен чин покажува дека „украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да саботира мировниот процес“ по преговорите што претходно оваа недела се одржаа во Абу Даби.
Кремљ за изнесените тврдења не понуди никакви докази, пишува The Guardian.
Да потсетиме, висок руски воен функционер Владимир Алексеев, заменик началник на Главната управа на Генералштабот на Оружените сили на Руската Федерација (порано ГРУ), денеска беше ранет со огнено оружје во Москва и во критична состојба е пренесен во болница.
Кремљ потврди дека Владимир Путин е известен за обидот за атентат, а Истражниот комитет започна постапка за обид за убиство.
Според претходните соопштенија на Рускиот истражен комитет, непознат вооружен напаѓач во петокот отвори оган врз Алексеев во станбена зграда каде што живеел генералот во Москва.
Тој е хоспитализиран, а официјални информации за неговата состојба сè уште нема.
Алексеев бил меѓу службениците кои во јуни 2023 година преговарале со лидерот на платеничката група Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт.
Неколку високи воени функционери биле убиени во обиди за атентат во Русија во последните години, но тие обично се случувале со експлозии, а не со пукање.