Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лагард: Потезите на Трамп се многу сериозна опасност за светската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лагард: Потезите на Трамп се многу сериозна опасност за светската економија
СВЕТ

Лагард: Потезите на Трамп се многу сериозна опасност за светската економија

Објавено September 1, 2025 17:21
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска предупреди дека чекорите што ги презеде американскиот претседател Доналд Трамп за отстранување на претседателот на американската централна банка (ФЕД), Џером Пауел, и гувернерката на ФЕД, Лиза Кук, претставуваат „многу сериозна опасност за американската и светската економија“.

ФЕД, институција што е овластена за регулирање и контрола на финансиските и монетарните институции и пазари во САД, е основана во 1913 година. Трамп постојано го напаѓаше Пауел за тоа што не ги слушаше повиците за намалување на каматните стапки за поттикнување на економскиот раст, нарекувајќи го притоа „господин Предоцна“ и заканувајќи се дека ќе го отпушти.

„Би било многу загрижувачки доколку американската монетарна политика стане зависна од диктатите на едно лице“, оцени таа.

Гувернерката Лиза Кук, една од седумте членови на Одборот на гувернери на ФЕД, исто така беше изложена на критиките на Трамп и неговиот обид да ја отстрани. Неговата одлука да ја отпушти Кук сега е на суд.

„Во случај американската монетарна политика да престане да биде независна и наместо тоа да зависи од диктатите на ова или она лице, верувам дека ефектот врз стабилноста на американската економија, како резултат на ефектите што би ги имала низ целиот свет, би бил многу загрижувачки бидејќи тоа е најголемата економија во светот“, изјави Лагард за Радио Класик.

Таа, исто така, потсети на пресудата од минатата недела на Апелациониот суд на САД дека повеќето од царините што ги наметна Трамп се нелегални и додаде дека пресудата претставува дополнителна неизвесност за економските прогнози на глобално ниво

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камбовски: Судскиот совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите
Следна Статија Стапија на сила нови правила за одобрување возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Паднаа цените на становите во Дубаи

Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад, откако иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност…

March 16, 2026
СВЕТ

Трамп ќе го номинира милијардерот Скот Бесент за министер за финансии

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го номинира менаџерот на хеџ фондот Скот Бесент за нов секретар за финансии…

November 23, 2024
СВЕТ

Трамп прогласи национална вонредна состојба во САД поради „заканите што доаѓаат од Куба“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба во САД поради „заканите што доаѓаат од Куба“. Трамп верува дека политиките, практиките и…

January 31, 2026
СВЕТ

По нападите Кипар бара членство во НАТО

Кипар би поднел апликација за членство во НАТО „уште утре“, но тоа во овој момент е политички невозможно – порака…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?