Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната
ЕКОНОМИЈА

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Објавено August 24, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во еврозоната во текот на изминатите години и дека тие помогнале да се надоместат скратеното работно време и намалените реални плати.

На годишниот симпозиум на американските Федерални резерви (ФЕД), што се одржува во Џексон Хол, во американската сојузна држава Вајоминг, таа укажа дека миграцијата во Европска Унија довела до рекорден број жители во Унијата, и покрај негативниот природен прираст, но дека владите на земјите-членки на ЕУ ги ограничуваат новите доаѓања поради незадоволството на населението на тие земји.

Лагард истакна дека растот на бројот на работници во еврозоната ја поддржа економијата во ЕУ, и покрај трендот за намалување на бројот на работни часови и опаѓање на животниот стандард во некои области. “Миграцијата во Европска Унија доведе до рекорден број на жители во Унијата и покрај негативниот природен раст”, рече таа.

“Растот на бројот на работници во еврозоната ја поддржа економијата во ЕУ и покрај трендот за намалување на бројот на работни часови и пад на животниот стандард во некои области”, додаде Лагард.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата
Следна Статија Плусинфо: Дали кампањата на Османи ја води вработен во МНР?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Буџетот е ликвиден, тековно се извршуваат сите обврски, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра, целта е работно ангажирање на младите за да останат во Македонија

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе…

August 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од август до сега, цената на кафето порасна за 60%

За краток период цената на кафето драстично порасно, правејќи го луксузно добро, неприфатливп за сите граѓани. Зголемување на цените на…

May 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Запленети 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка…

Мобилни царински тимови и царински службеници запленија 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?