Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата

Објавено August 24, 2025 09:28
Сподели
Сподели

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца.

„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата, бараме животите на младите да не завршуваат во идни статистики“, пишуваше на еден од транспарентите.

Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“, порача друг транспарент.

Особено емотивна порака носеше Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден беше вчера: „Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите.“

„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на загинатите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Седум часа ги читаше имињата на сите убиени деца во Газа, дури 12.227 жртви
Следна Статија Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја

На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос задоволна од владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ништо ново: Кос ни порача дека Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција во поранешен ОХИС: Влегоа комбиња, камиони и полициски возила, локацијата под силно обезбедување

Големата полициска акција поврзана со заплената на пет тони марихуана во соседна Србија продолжува и денеска во Скопје. Како што…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?