Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Објавено July 11, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот.

„Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче.

Тој истакна дека ова злосторство против човештвото не само што го потресе светот, туку ги разниша и темелите на човечкото достоинство. „Геноцидот во Сребреница ќе остане врежан во сеќавањето како еден од најтемните моменти во историјата, потсетник на ужасите на војната и опасноста од екстремниот национализам кој слободниот и демократски свет засекогаш ќе го осудува,“ нагласи претседателот на СДСМ.

Филипче упати и апел за иднината: да се сеќаваме, да осудиме омраза и насилство и да изградиме општество на соживот и безбедност за сите. „На овој ден, да оддадеме почит кон жртвите, да се сеќаваме и никогаш да не дозволиме ваков геноцид да се повтори. Да ги осудиме сите форми на насилство и нетолеранција, и да градиме свет во кој луѓето ќе живеат без страв од омраза и поделби,“ порача Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување“ – Весна Петрушевска реагира на коментарите по објавата на аферата со Бранко Црвенковски
Следна Статија Берзите во пораст: Американските царини во втор план, најсилната компанија урива рекорди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Деспотовски демантира дека е приведен

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево ги демантира објавите дека е приведен. „Во врска со информациите кои се појавија…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева излезе на условен отпуст

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, тивко го напушти „Идризово“ на почетокот на неделата. Жената која беше…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тендери за невидливи пешачки премини, покажува истражувањето на ЦГК

ЦГК спроведе истражување за општинските тендери за бележење на пешачките премини: Тендери за невидливи пешачки премини. Истражувањето покажува дека: Непостоечките…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?