Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров го одреди составот за Естонија, Томовски се враќа на голот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров го одреди составот за Естонија, Томовски се враќа на голот
СПОРТ

Лазаров го одреди составот за Естонија, Томовски се враќа на голот

Објавено May 8, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) и гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година. По поразот на Литванија од Словенија, нашите ракометари имаат шанса да завршат како второпласирани во својата група.

Прв услов кој треба да го исполнат е да триумфираат во Талин, а потоа во недела на домашен терен да ја победат Литванија со три гола разлика. Македонија има два бода, додека пак директниот конкурент за втората позиција има шест бода.

Селекторот, Кирил Лазаров за овие две средби во меѓувреме се соочи со бројни проблеми, листата на повредени се зголеми. Од Мундијалот го нема еден од најдобрите наши репрезентативци, Марко Митев, а за овие две средби нема да може да помогне ниту Мартин Велоковски, поради повреда отпадна Марко Стојковиќ, како Цветан Кузманоски.

Лазаров го одреди составот за Естонија на голот се враќа Мартин Томовски, заедно со Никола Митревски ќе бидат задолжени за нашата мрежа. Своето деби ќе го чека Мартин Ивановски, кој по доаѓањето во Алкалоид го покажа сиот свој потенцијал. Лазаров ќе смета и на младиот Дамјан Митев. Во составот после долго време ќе биде и Гоце Ојлески.

Естонија во Скопје покажа дека не треба да се потценува. За ова се свесни сите во нашиот табор, па најавија максимална битка на теренот и победа во Талин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
Следна Статија Украина има нов моќен дрон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Колку ќе заработи Шкендија со обезбедувањето европска есен?

Тетовска Шкендија е хит во квалификациите за Лигата на шампионите откако синоќа го исфрли ромаскиот гигант ФСБ. Порано познат како…

July 31, 2025
СПОРТ

Истрагата потврди: позната причината за несреќата во која загина Диого Жота

Фудбалскиот свет беше шокиран во четврток од веста дека Диого Жота, ѕвезда на Ливерпул и португалската репрезентација, загинал во сообраќајна…

July 9, 2025
СПОРТ

Натпревар по кој следува дисциплинска постапка поради физички пресметки

Настан по завршувањето на натпреварот предизвика потенцијални дисциплински мерки

November 26, 2025
СПОРТ

Савовски: Дуелот со Грција е еден од најважните летово

Македонската одбојкарска репрезентација од попладнево е во Атина, а утре го игра квалификацискиот дуел за Европското првенство против Грција. „Црвено-жолтите“…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?