Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Колку ќе заработи Шкендија со обезбедувањето европска есен?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Колку ќе заработи Шкендија со обезбедувањето европска есен?
СПОРТ

Колку ќе заработи Шкендија со обезбедувањето европска есен?

Објавено July 31, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Тетовска Шкендија е хит во квалификациите за Лигата на шампионите откако синоќа го исфрли ромаскиот гигант ФСБ.

Порано познат како Стеауа, тимот од Букурешт иако поведе на крајот дури и загуби пред своте 50 ијлади гледачи благодарение на головите на Лиридон Латифи и Ване Крстевски. Откако тетовци славеа со 1:0 во Скопје пред една недела, со вкупни 3:1 се пласаираа во третото квалификациско коло.

Но, успехот на Шкендија е многу поголем поради фактот што самиот пласман во третото квалификациско коло гарантира најмалку играње во лигашката фаза од Конференциската лига.

Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе игра против азербењјџанскиот шампион Карабаг. Се разбира, постојат две опција: да го помине или да испадне.

Во првиот случај продолжува во плеј-офот и е на чекор од пласман во Лигата на шампионите и при пораз во оваа фаза ќе игра во лигашката фаза од Лига Европа.

Доколку биде елиминирана од Карабаг, ќе се префрли во плеј-офот за пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Ако и таму загуби, тогаш нема да остане без евроспка есзен бидејќи ѝ следува автоматски пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.

Со елиминацијата на ФЧСБ македонскиот шампион си обезбеди уште две кола квалификации, односно 4 натпревари, плус уште најмалку 6 натпревари во некоја од лигашките фази (во Конференциската се 6 натпревари, во Лигата на шампионите и Лига Европа се по 8). И да ги загуби сите натпревари ќе инкасира околу 5 милиони евра.

Во секој случај, Шкендија ја чека долга европска есен бидејќи каде и да игра лигашката фаза трае долго. Во Конференциската лига завршува на 18 декември, додека во Лигата на шампионите и во Лига Европа завршува на 28 односно 29 јануари 2026.

Шкендија е вториот македонски клуб кој ќе игра групна/лигашка фаза од европско натпреварување откако Вардар играше во фазата по групи во Лига Европа во сезоната 2017/2018.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русите го зазедоа Часов Јар
Следна Статија Договор вреден милијарди евра и најава за создавање „глобален шампион“: Индиската „Тата моторс“ го купува „Ивеко“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Адидас ‘Убави’ Женски Патики по Намалена Цена од $24

Овие очигледно убави патики имаат мека постава, флексибилен ѓон за добра тракција и удобно вложување.

December 1, 2025
СПОРТ

Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во…

April 13, 2025
СПОРТ

(Видео) Двајт Хауард се тепаше на баскет

На почетокот од новата сезона во кошаркарската лига „BIG3“ во САД, се случи тепачка, која фрли сенка врз овој спектакл…

June 15, 2025
СПОРТ

(Видео) Расел победи во Канада, судар меѓу Норис и Пјастри

Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Канада. Британецот во Мерцедес победи пред актуелниот светски првак, Макс Ферстапен…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?