Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди
СПОРТ

Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди

Објавено January 13, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Австралија опен. Во првото коло, со мали проблеми, го победи 107. играч на АТП листата, Американецот Нишеш Басавареди со 3:1 (4:6, 6:3, 6:4, 6:2).

Десеткратниот шампион на гренд слемот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 19-годишниот Басавареди. Имаше проблеми Ѓоковиќ со мотовираниот противник, кој наметна силно темпо од самиот старт. Еден брејк му беше доволен да го добие првиот сет.

Ѓоковиќ прв пат по 19 години му се случи да го загуби првиот сет, во првиот меч на Австралија опен.

Србинот имаше проблеми и во вториот сет, не ги користеше брејк шансите, се до осмиот гем кога направи брејк, а потоа сервираше и го освои сетот. Тој момент беше клучен за конечниот исход.

Басавареди стана жртва на пеколното темпо кое го наметна. По завршувањето на вториот сет поради грчеви побара медицински тајм-аут. Не успеа да се опорави, Ѓоковиќ направи брејк веднаш во првиот гем од третиот сет, а потоа рутински го чуваше својот сервис.

Брејк во првиот гем, Ѓоковиќ направи и во четвртиот сет, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот и се пласира во втората рунда.

„Почетокот беше одличен, Нашиш беше подобар од мене сет и пол, силно удираше, така што ми беше тешко и навистина морам да му честитам. Да бидам искрен, начинот на кој игра е одличен бидејќи овие натпревари се тешки и проблематични, бидејќи, ова е негов прв Грен слем натпревар и тој е вистински натпреварувач. Пријатно ме изненади со начинот на кој играше и со спортскиот дух што го покажа“, изјави Ѓоковиќ.

Противник во ворото коло ќе му биде Хаиме Фари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поскапување: Горивата со нови цени од полноќ
Следна Статија Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкулоска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Нено Димитријевиќ се враќа во Русија, се договори со Зенит за 3 милиони евра

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат…

July 22, 2025
СПОРТ

Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македонија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.…

October 13, 2024
СПОРТ

Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако…

May 8, 2025
СПОРТ

Мукаетов: Оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, пред денешниот натпревар со Гвинеја во 3. коло од Д-групата на Светското…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?