Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ламбе Алабакоски се враќа на скопската сцена со голем концерт во „ Јавна соба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ламбе Алабакоски се враќа на скопската сцена со голем концерт во „ Јавна соба“
ЗАБАВА

Ламбе Алабакоски се враќа на скопската сцена со голем концерт во „ Јавна соба“

Објавено October 9, 2025 16:20
Сподели
Сподели

По цела деценија пауза, популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. Концертот во „Јавна соба“ на 10 октомври ветува незаборавна вечер исполнета со емоции, енергија и најпознатите хитови кои го обележаа неговото долгогодишно присуство на македонската музичка сцена.

„Конечно, по десет години на некој му текна да го викне Ламбе Алабаковски во Скопје, да ги испеам моите најголеми хитови и општо хитови кои останале запишани во историјата, а верувам дека ќе останат и по 10 октомври“, изјави пејачот, најавувајќи вечер која ќе ја врати магијата.

Концертот ќе ги опфати неговите најголеми хитови. Публиката ќе има можност да ужива во песни кои станаа дел од домашното музичко наследство, препознатливи по мелодичноста и искрената емоција со која Алабаковски секогаш настапува. Концертот ќе биде и најава за нови музички проекти што пејачот ги подготвува по своето враќање на сцената.

Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 годиа. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

Билетите за настанот се достапни преку мрежата на drugastrana.mk.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од недела ЕУ ќе започне со воведување на системот за влез/излез во земјите на Унијата – МВР сподели важни информации за оние кои патуваат
Следна Статија Менаџерскиот тим на М-НАВ: Македонското небо не смее да се ”затвори”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

,,Силви Бенд” ќе одбележи 35 години музика со концерт со симфониски оркестар на Античкиот театар во Охрид

На 31 јули, под ѕвезденото небо и во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, следува ексклузивен концерт со симфониски…

July 3, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Пријателот на Џин Хекман: ​​Неговата смрт нема смисла, тоа е многу чудно

Пријателот и поранешен деловен соработник на Џин Хекман, Даг Ланам, се огласи откако беше објавена причината за смртта на актерот…

March 10, 2025
ЗАБАВА

Порше претстави нов 911 GT3 инспириран од Фердинанд Александар Порше

Новиот 911 GT3 90 F.A. Порше ќе биде ограничен на само 90 примероци.

December 14, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Тони Зен настапуваше во затворот „Идризово“, рапуваа и затвореници

Во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Идризово на 2 септември 2025 година се одржа несекојдневен музички настан. На сцената, заедно…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?