Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од недела ЕУ ќе започне со воведување на системот за влез/излез во земјите на Унијата – МВР сподели важни информации за оние кои патуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од недела ЕУ ќе започне со воведување на системот за влез/излез во земјите на Унијата – МВР сподели важни информации за оние кои патуваат
МАКЕДОНИЈА

Од недела ЕУ ќе започне со воведување на системот за влез/излез во земјите на Унијата – МВР сподели важни информации за оние кои патуваат

Објавено October 9, 2025 16:12
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.

Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

За кого важи системот?

EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена). Тоа ги опфаќа:

• патниците кои се ослободени од виза за влез во ЕУ,

• патниците кои поседуваат виза за краток престој.

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната не подлежат на новиот систем.

Земји каде ќе се применува EES

Системот ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Кои се целите на воведувањето?

Со EES, Европската Унија има за цел:

• да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами,

• да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција,

• да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки,

• да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати.

Како ќе функционира системот?

При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.

При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

Период на транзиција

Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

Заштита на личните податоци

Сите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.

Апел до граѓаните

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија кои планираат патувања во земјите на Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците
Следна Статија Ламбе Алабакоски се враќа на скопската сцена со голем концерт во „ Јавна соба“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби

Универзитетската прoфесорка и поранешна министерка за образование и за правда, Рената Дескоска денеска се осврна на актуелната дебата околу актуелниот…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне информира дека по трагичната несреќа што се случи за…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија

„Изгорени“ од децениското загадување од РЕК „Битола“ битолчани денеска излегоа на протест пред општинската зграда спротивставувајќи се на изградбата на…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?