Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови
СПОРТ

Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови

Објавено July 20, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, не престанува да привлекува внимание – и на теренот и надвор од него. Откако неодамна го продолжи договорот со каталонскиот гигант, Јамал го промени и бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе ја носи легендарната „десетка“.

Оваа промена предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, па клубот за само 24 часа продаде дури 70.000 дресови со името на Јамал и бројот 10, поставувајќи нов историски рекорд по дневна продажба. Според шпанскиот медиум COPE, од оваа продажба Барселона инкасирала околу 10 милиони евра.

Дресовите се испратени во повеќе од 170 земји низ светот, а комерцијалниот успех значително ги надмина очекувањата на клубот. Новиот рекорд ја надмина дури и продажбата на дресови кога клубот ги промовираше Лионел Меси и Нејмар како свои играчи.

Јамал, кој е роден во 2007 година, лани настапи на 35 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 9 голови и остварувајќи 13 асистенции. Со само 17 години, тој веќе е препознат како идниот носител на Барселона.

Барселона ја почнува сезоната со нова надеж – и нова ѕвезда, чијшто дрес веќе е моден хит на глобално ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Успешно изведена акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога
Следна Статија Еврокомесарот за правда шокиран од опасната роба на „Тему“, ЕУ најави зајакнати контроли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово…

July 25, 2025
СПОРТ

Бруно Фернандеш останува на „Олд Трафорд“

Фудбалерот за врска Бруно Фернандеш се согласи да ја посвети својата иднина на Манчестер јунајтед, објавија британски медиуми. Според „Express“,…

July 23, 2026
СПОРТ

Нов малер на Нејмар, се повреди пред Светско

– Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот…

May 21, 2026
СПОРТ

(Видео) Оклахома без милост, ја прегази Минесота

Финалето на НБА конференцијата започна со натпревар помеѓу Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулвс, а Тандер покажаа зошто се главни…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?