Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“
ПОЛИТИКА

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Објавено June 30, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики кон членови на неговото семејство. Најави дека „цела фамилија Костадинови го чека“ за зборовите кон неговиот покоен татко.

Да кажеш дека татко ми „ја искоцкал куќата“ и со тоа да го ставиш на маса за потсмев тоа не е хумор. Тоа не е критика. Тоа е отворен воен акт кон моето семејство. А кога ќе удриш по мртов човек – знаејќи дека не може да ти одговори – тогаш ќе одговараш на живите. На нас. На мене. На моите. На сите што ќе се родат со нашето презиме“, стои меѓу другото во пораката на Костадинов.

„Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав. Ова нема да помине. Ова ќе ти се врати. Не како текст – туку како живот. И нема крај додека ние не кажеме дека е завршено. Клетвата си ја заработи. Осветата ќе си ја добиеш. Секој што ќе го носи моето име – ќе знае што направи ти. А и ти ќе знаеш: го направи на погрешни луѓе“, напиша Костадинов.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бара итна разрешница.

„Ова е доказ за тоталната безидејност на СДСМ. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат некрофилија. Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се одмаздува на свој начин. Матрицата на СДСМ е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се вистинските лица на соработниците на Зоран Заев и Венко Филипче – повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде, се додава во соопштението.

„Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов. Го повикуваме МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот на СДСМ по бруталните закани“, апелира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп
Следна Статија Возела пијана, предизвикала сообраќајка и избегала – приведена тинејџерка од Радовиш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Што одработил Фрчкоски за СДС за 200 илјади евра од Еразмус+?!

На СДС институциите им служеле само за личен профит на поединци. Таков е и примерот со Еразмус+ со која раководеше…

August 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска

Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора, дознава Курир. Тоа значи дека се невистинити објавите од…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на вчерашниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?