Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

Објавено May 5, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари околу актуелните политички случувања, рече Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Што се однесува до неговите тековни активности како дел од Владата, ние речиси секојдневно комуницираме. Се разбира тоа е неизбежен дел. Но, генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. По мене има две опции за избор. Едната е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, промени, испорака за граѓаните. И втората порака е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од 2 децении ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. И тоа е изборот. Нема трета опција и би сакал од господинот Таравари која опција е за него, бидејќи јас не гледам трета опција, порача Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека како човек има позитивно мислење за Таравари.

Што се однесува до моите лични односи со Таравари, ние во политиката комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто кое што го имаш или немаш, тука нема флуидни варијанти, или држиш до зборот, или не држиш до зборот. Јас мислам конкретно во неговиот случај најмалку три пати сум покажал дека држам до зборот, и кога имало моменти кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата. Затоа заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат на оние кои што ги прават овие заткулисни игри, вели тој.

Мицкоски изјави дека Таравари и неговите сопартијци треба да одлучат дали ќе продолжат да се дел од Владата која оди по патот на реформи, владеење на правото или ќе одбере да коалицира со политички сили за кои рече дека изминатите години ја криминализираа државата.

Немам намера никој да молам, со или без Таравари Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен, дециден е Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ нови намалени цени на горивата
Следна Статија Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градноначалник на Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа на престојните локални избори, вклучително и во главниот град, вели министерот за транспорт, Александар Николоски…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Цела недела нема одговор како пет тона дрога поминале граница

СДСМ потсетува дека цела недела по објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија,…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, тврдат од ВМРО ДПМНЕ

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, рече на денешната прес-конференција . Местото каде…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии,…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?