Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција
ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

Објавено May 6, 2025 10:02
Сподели
Сподели

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма која во минатото ДПМНЕ ја обвинуваше за коруптивни тендери. Токму за оваа компанија, додека беше во опозиција, ДПМНЕ обзнани скандал дека МВР на Оливер Спасовски незаконски доделило исти ваков тендер, иако компанијата не ги исполнувала критериумите, тврди партијата Левица.

„За оваа компанија, ДПМНЕ на пресови обвинуваше дека поради блискоста со поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров од СДС, „Дон Холдинг” добива тендери од Оливер Спасовски и повикуваше обвинителството да отвори постапка. Наместо МВР под Панче Тошковски да ги истражи скандалозно доделените тендери од СДС на оваа компанија, сега сведочиме дека неговото министерство повторно ги склучува истите сомнителни тендери со „Дон Холдинг”“, велат од партијата.

Левица прашува како истата компанија која била обвинувана од ДПМНЕ за криминоген скандал и блиска до СДС, сега е подобна за Тошковски да ѝ додели тендер од 575.000 евра?

Наместо расчистување на криминалите на СДС и ДУИ, велат од Левица, кои добивале тендери од претходната власт, продолжуваат да бидат бизнис-партнери и на новата влада на Мицкоски.

„Истиот случај како со криминалниот проект на „Бехтел и Енка”, чии закони Левица ги блокираше, а сега сведочиме како владата на ДПМНЕ го зацементира овој проект, без да поведе никаква ревизија како што најавуваше. Наместо расветлување на криминалите од минатото, ДПМНЕ ги продолжува контроверзните зделки на СДС и ДУИ, овој пат директно од министерството на Тошковски. Левица јавно го прашува Тошковски: дали е политичко лешинарење делење тендери на компанија за која неговата партија обзнанувала криминални скандали и барало истрага за истите?“, прашува Левица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Потона јахта во Мајами со инфлуенсерки – 32 лица спасени
Следна Статија Животот се врти, некогаш сме последни, некогаш сме први – Мурал за Андреј од ДНК во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

– Ништо не е тешко доколку се влезе со чиста мисла и добра намера. За сè треба време, но со…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче

Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија,…

January 6, 2026
ПОЛИТИКА

2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства

Пензионерите од Скопје кои имаат ниски примања ќе добиваат по 2.500 денари, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?