Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата
МАКЕДОНИЈА

Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Објавено May 5, 2025 13:21
Сподели
Сподели

Неколку деца од Кочани, преживеани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кои се враќале од лекување во Турција, доживеале непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул.

Инцидентот бил доволно сериозен за премиерот Христијан Мицкоски лично да стапи во контакт со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со цел да се среди проблемот и да се овозможи непречено враќање на пациентите во земјата.

Според изјавата на премиерот, по интервенцијата, децата успешно пристигнале во Македонија, по што бил организиран транспорт од аеродромот до скопската болница „8 Септември“. Иако лекарите препорачале подолго болничко лекување, семејствата одлучиле децата да бидат пуштени на нивна одговорност.

– Оваа работа ќе трае со години. Сè што можам ќе сторам. Ќе разговарам лично со семејствата. Цела Македонија болува и ќе болува. Работите не можат сами од себе да се решат – изјави Мицкоски при посетата на Општина Штип.

Тој додаде дека на дневна основа се решаваат прашања поврзани со настраданите и нивните најблиски, и дека членови од неговиот Кабинет редовно комуницираат со семејствата на жртвите и повредените.

Премиерот најави дека наскоро и лично ќе се сретне со родителите на настраданите во трагедијата, со цел да им даде поддршка и да слушне од прва рака со какви предизвици се соочуваат.

Во однос на обвинувањата од опозицијата за селективна истрага, Мицкоски нагласи дека процесот го води Обвинителството, и дека тој, како премиер, не комуницирал со обвинители и не се меша во работата на правосудните органи.

Пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани однесе 62 животи, а над 200 лица беа повредени. Голем дел од преживеаните, особено оние со тешки изгореници и проблеми од вдишан чад, беа испратени на лекување во странство. Секојдневно по неколку пациенти се враќаат во Македонија и го продолжуваат опоравувањето под надзор на домашните медицински тимови.

Трагедијата остави длабоки рани во целата држава, а институциите најавуваат дека поддршката кон семејствата ќе продолжи долгорочно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата
Следна Статија Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пендаровски за Лајм ТВ – Нема друга логика освен Милошевиќ да го нарачал атентатот на Глигоров

Екс-председателот Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ зборува за актуелната политичка состојба во државата. Тој исто така се осврти…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта: Најавена средба со Орбан

Утре 30.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фетаи го тужи за клевета членот на ДУИ, Ќамил Ковачи

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?