Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки
ПОЛИТИКА

ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки

Објавено June 5, 2026 14:06
Сподели
Сподели

По најавите на банките за зголемување на трошоците за банкарски услуги и изјавите на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека се потребни законски измени за ограничување на банкарските провизии, уште еднаш се потврди дека Либерално-демократската партија (ЛДП) со години е во право кога предупредуваше на овој проблем.

Додека граѓаните плаќаа сè повисоки надоместоци за користење на сопствените пари, надлежните институции и големите партии молчеа. ЛДП преку кампањата „Твоја сметка – твои пари“ и преку конкретни законски иницијативи поднесени во Собранието од претседателката Моника Зајкова, континуирано бараше ограничување на неоправдано високите банкарски трошоци и поголема заштита на корисниците на финансиски услуги.

Денес, кога и Народната банка јавно го отвора ова прашање, очекуваме Владата и парламентарното мнозинство конечно да покажат политичка волја и да ги поддржат реформите што ќе значат пониски банкарски трошоци за граѓаните.

Пристапот до сопствената плата, пензија или заштеда не смее да биде дополнителен извор на заработка преку воведување на дополнителни високи провизии. Банкарскиот систем треба да им служи на граѓаните, а не обратно.

Продолжуваме со борбата за фер и транспарентни банкарски услуги, затоа што парите кои се на граѓаните, треба да останат кај граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
Следна Статија Се набавуваат возила за одржување на хигиената во Град Скопје и општините во вредност од 4,2 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Државата не ги исплаќа своите обврски и со тоа сериозно е загрозена ликвидноста на стопанството. Сериозни проблеми со наплатата на…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Очекувам пристојни, фер и демократски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Штета е да е не се искористи продолжен викенд: Филипче си отпатува за Франкфурт

Ден пред празникот 1 мај, во четвртокот, додека во Собранието на Република Македонија се поставуваа пратенички прашања, претседателот на СДСМ,…

May 1, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за предлогот на Филипче: Немам добиено никаков документ, ако добијам ќе дадеме наш инпут

Па да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?