Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се набавуваат возила за одржување на хигиената во Град Скопје и општините во вредност од 4,2 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се набавуваат возила за одржување на хигиената во Град Скопје и општините во вредност од 4,2 милиони евра
МАКЕДОНИЈА

Се набавуваат возила за одржување на хигиената во Град Скопје и општините во вредност од 4,2 милиони евра

Објавено June 5, 2026 14:06
Сподели
Сподели

Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици со 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи некоаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови, или во тек на изградба во овој момент со поддршка на ЗЕЛС и Светска банка, изјави денеска вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски најави најголема поддршка досега за одржување и подобрување на состојбата со хигиената на општините.

-Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената, рече Николоски.

Вкупната вредност на возилата е од 4,2 милиони евра.

-Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување на хигиена, со вкупна вредност од 1,6 милиони евра. Две мултифункционални возила за одржување на хигиена соо соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра, или вкупно за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светска банка што сериозно ќе помогне во подобрување на соистојбата со хигиената, појасни Николоски.

Ова е најголем инвестициски циклус во општините. Ќе продолжиме и во следниот период, веќе разговараме со Светска банка. Следната недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините и секакко други проекти кој што заеднички ќе ги работиме, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки
Следна Статија Мицкоски на средба со Макрон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Бехтел и Енка со силна подршка за гаснење на пожарот кај Алинци

Пожарот на депонијата кај Алинци конечно е ставен под контрола. Благодарение на силната подршка со расположливата механизација и човечки ресурси…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

99 години од смртта на македонскиот деец Крсте Петков Мисирков

На 26 јули во 1926 година во Софија, починал Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец, филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф,…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата им ги одзеде лиценците за канабис на шест фирми, меѓу кои и „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, бидејќи се констатирани низа недоследности, објави денеска…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението од 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со  2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија, покажуваат податоците…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?