Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје
ПОЛИТИКА

ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје

Објавено September 7, 2025 22:45
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, заедно со докторот Никола Пановски ќе бидат на чело на листата на советници на изборите во Градот Скопје. Тоа го изјави Пенов во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во саботата.

Според зборовите на Пенов, ЛДП ќе излезе сама на изборите во Скопје, но ќе биде во соработка со ГРОМ на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој вели дека имало мала комуникација со долгогодишниот коалициски партнер, СДСМ, за настапот на локалните избори.

Пред четири години ЛДП, исто така, настапи одделно од СДСМ, но тогаш беше во изборна коалиција со ДОМ. На повеќе места кандидатите за градоначалници на ЛДП (како Скопје и Битола) освоија значителен број гласови што придонесе за поразите на сдсмовските кандидати.

Пенов рече дека со ГРОМ меѓусебно ќе ги поддржуваат кандидатите на двете партии за градоначалници, но дека деталите уште не се знаат. ЛДП засега нема кандидат за градоначалник на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa
Следна Статија Масар Омерагиќ: Браво Македонија, табелата никогаш не изгледала поубаво!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

600 евра минимална плата: Филипче бара кратење луксуз за поголеми плати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека партијата поднела предлог-закон за минимална плата од 600 евра нето и дека државата…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Галетановски си даде оставка од градската организација на СДСМ

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Според истиот…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?