Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Објавено October 3, 2024 21:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија, истакна дека во истите не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, при што потенцираше дека Гоце Делчев за него е титан на македонската борба.

Не сум во оваа приказна само за да учествуваме, туку да завршиме со успех. Тоа е суштината на целиот овој процес. Не е суштината да го смениме Уставот до следната пречка за 6 месеци. Не е тоа со мандат „од – до“, туку процес кој трае, не е процес кој сега ќе почне и следната недела ќе заврши, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека ако се сака, се има и начин за да нема билатерализација на целиот процес и да нема повеќе никакви пречки.

Нека биде Европска Унија арбитер, претседавачот со ЕУ не кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно, туку сите и да нема повеќе пречки понатаму и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски говорејќи за Гоце Делчев истакна дека е титанот на македонската борба и треба да се вкрстат аргументите за да се види какво е неговото значење за македонскиот народ.

Гоце Делчев за мене е македонски деец и историска фигура, титан на македонштината, за нив можеби е друго. Нека кажат колку песни, имиња, приказни има Гоце, а да видиме колку има кај нас. Да видиме кој навистина бил Гоце Делчев. Мудроста на народот е неприкосновена, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека мора да бидеме добри соседи, но барањата треба да се објективни, а не билатерални, и ако континуирано едни со други се напаѓаме со аргументи од среден век, тогаш нема да излеземе од ова мочуриште.

Мораме сега да ги решиме. Ако имаме објективни пречки, тоа може да не направи подобри. Но, субјективните проблеми билатерализацијата е проблем, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица
Следна Статија Шефот на Нетфликс ја поддржа Камала Харис, корисниците масовно се откажуваат од претплатата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји

СДСМ и денеска отвори прашањето за мигрантските договори за кои, според опозициската партија, деновиве известуваат повеќе европски и светски медиуми.…

December 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори по локалните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Бутел ќе добие кружен тек, пробивање на нови улици, мега парк и уште многу други проекти

Кружен тек на крстосницата на улиците Бутелска и Александар Урдаревски, мегапарк кај булеварот Христијан Тодоровски Карпош каде што исто така…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ одбележа 24 години – Ахмети: Почнавме од нула, си заминавме со премиер Албанец

Демократската унија за интеграција денес во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe. Лидерот на интегративците, Али…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?